Стандардна лесна инвалидска количка – D200 – 3109D200

30.119,00 ден

Vermeiren D200 е склоплива лесна инвалидска  количка.

На D200 многу елементи може да се прилагодат на потребите на корисникот. Тие се: aголот на потпирачите за нозе, висината и длабочината на потпирачите за раце, висината на седиштето, подесување на притисокот на наслонот за грб и висината на рачките за буткање.

Висината на седиштето се подесува во 3 позиции, а потпирачите за раце се преклопуваат и се демонтажни.

Како опција е и склоплив потпирач за грб.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 380–520 mm,
  • Длабочина на седиштето 395-450 mm,
  • Должина 995-1045 mm,
  • Ширина 580–720 mm,
  • Ширина-склопена 300 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 450-510 mm,
  • Тежина 16.2kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 130 kg.

Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4;G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
(G82.3;G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави
протеза).

Напомена

Критериумите за стекнување на право на стандардна лесна инвалидска количка:

  • На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна
    инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Стандардна лесна инвалидска количка – D200 – 3109D200”
Shopping Cart