Универзална инвалидска количка со подвижен наслон и папучи кои се подесуваат – стандард Eclips X4 90°

58.000,00 ден

3109 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 43.850 ден.

  • Лесна и склоплива инвалидска количка со можност за подесување на аголот на наслонот за грб со помош на хидраулични амортизери;
  • Потпирачите за нозе се ротираат, отстрануваат и може да се подесува аголот на поставеност;
  • Потпирачите за раце се демонтираат и се подесуваат по висина за полесен пристап до маса;
  • Задните тркала лесно се демонтираат;
  • Удобен потпирач за глава;
  • Висината на рачките за туркање се подесува;
  • Има засилена оска за поголема носивост до 130 кг.

 

 

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 390-500 мм
  • Длабочина на седиште: 420-500 мм
  • Висина на седиште: 420-460 мм
  • Должина: 100-1210 мм
  • Ширина: 590-740 мм
  • Висина: 910-1015 мм
  • Тежина на количка: 19 кг
  • Максимална тежина на корисник: 130 кг

ФЗОМ Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20 Паркинсонова болест;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначена;
G81.9 Хемиплегија, неозначена;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до или под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двета долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти;
Z96.8 Присуство на други означени функционални имплантати.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Универзална инвалидска количка со подвижен наслон и папучи кои се подесуваат – стандард Eclips X4 90°”
Shopping Cart