Стандардна лесна инвалидска количка – D200

30.119,00 ден

3109 | Стандардна лесна инвалидска количка

Партиципација: 0%

  • Склоплива мултифункционална количка, изработена од алуминиум со голем број на можности за прилагодување според потребите на корисникот;
  • Потпирачите за раце се прилагодуваат по висина и длабочина и се отстрануваат;
  • Се подесува аголот и висината на потпирачите за нозе, со можност за отстранување на истите;
  • Задните тркала лесно се отстрануваат без алат;
  • Висината на седење се прилагодува во три позиции;
  • Има балансер прoтив превртување.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 380-520 мм
  • Длабочина на седиште: 430 мм
  • Висина на седиште 420 мм
  • Должина: 1010 мм
  • Ширина: 580-720 мм
  • Висина: 880 -940 мм
  • Тежина на количка: 16 кг
  • Максимална тежина на корисник: 130 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4;G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
(G82.3;G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави
протеза).

Критериуми

На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Стандардна лесна инвалидска количка – D200”
Shopping Cart