Електромоторна инвалидска количка (Скутер) – Mercurius

267.595,00 ден

Vermeiren Mercurius 4 е моќен скутер со четири тркала. Има амортизери на секое тркало за поголема удобност при возењето. Димензии на гумите овозможуваат лесно совладување на нерамнините на патот и несоодветно направени тротоари. Идеален е за користење и на отворено и во рурални области, каде што треба да се поминат подолги растојанија и да се вози по нерамен и неасфалтиран пат. Седиштето е подесливо и ротирачко за полесно седнување Има потпирач за главата и прилагодливи потпирачи за раце, модерна корпа за пазарење, два ретровизори, LED светла на задната и предната страна и два USB конектори за полнење на вашите електронски уреди.

Категории: , Ознака:

Карактеристики

  • Носивост 150 kg;
  • Тежина на скутерот 143 kg;
  • Должина 1450 mm;
  • Ширина 700 mm;
  • Висина 1300 mm;
  • Опсег 45 km;
  • Совладување угорнина до 9º/15 %;
  • Моќност (мотор) 1492W;
  • Батерии 2х12V 70 Ah;
  • Максимална Брзина 15 km/h.

 

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20 Паркинсонова болест;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначена;
G81.9 Хемиплегија, неозначена;
G82(G82.0-G82.2) Параплегија;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до или под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти.

Напомена

Правото на Електромоторна инвалидска количка – скутер се остварува со Конзилијарно мислење издадено од: Универзитетска клиника за неврологија, Универзитетска клиника за ревматологија, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за Детски болести, Универзитетска клиника за детска хирургија, Универзитетска клиника за тораковаскуларна хирургија и Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Покрај Конзилијарното мислење осигуреното лице е потребно да достави и специјалистички извештај од специјалист офталмолог за способност за управување со помагалото, специјалистички извештај од специјалист оториноларинголог за способност за управување со помагалото и специјалистички извештај од специјалист психијатар за психичката состојба за самостојно управување и вклучување во сообраќај со електромоторна инвалидска количка – скутер. За потребата на електромоторна инвалидска количка – скутер наод, оценка и мислење дава Лекарската комисија на Фондот. Право на електромоторнаколичка – скутер имаат осигурените лица со траен инвалидитет од 7-26 години и над 65 годишна возраст. Осигурените лица кои ќе остварат право на електромоторна инвалидска количка – скутер имаат право и на собна инвалидска количка.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка (Скутер) – Mercurius”
Shopping Cart