Електромоторна инвалидска количка (Скутер) – Ceres

Шифра: 3108CER Категории: ,

171.700,00 ден

Vermeiren Ceres 3 и Ceres 4 се скутери за употреба како во затворен простор така и за употреба надвор. Ceres 3 е скутер со 3 тркала, а Ceres 4 е со 4 тркала. Командните копчиња и индикатори се прегледни, достапни и лесни за користење. Електронски се програмабилни и се безбедни при нивното користење на отворено.

Имаат подесливо и ротирачко седиште за полесно седнување,  потпирач за глава, гуми на пумпање, ретровизори и модерна корпа за пазарење. Потпирачот за нозе има плоча отпорна на пролизгување.

Исчисти

Карактеристики

  • Носивост 135 kg;
  • Тежина на скутерот 92/94,7 kg (Ceres3) 131 (Ceres4);
  • Должина 1270(Ceres3)/1310(Ceres4) mm;
  • Ширина 610 mm;
  • Висина 1160 mm;
  • Опсег 48 km;
  • Совладување угорнина до 6º/10 %;
  • Моќност (мотор) 450 W;
  • Батерии 2х12V 50 Ah;
  • Максимална Брзина 10 km/h .

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20 Паркинсонова болест;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначена;
G81.9 Хемиплегија, неозначена;
G82(G82.0-G82.2) Параплегија;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до или под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти.

Напомена

Правото на Електромоторна инвалидска количка – скутер се остварува со Конзилијарно мислење издадено од: Универзитетска клиника за неврологија, Универзитетска клиника за ревматологија, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за Детски болести, Универзитетска клиника за детска хирургија, Универзитетска клиника за тораковаскуларна хирургија и Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Покрај Конзилијарното мислење осигуреното лице е потребно да достави и специјалистички извештај
од специјалист офталмолог за способност за управување со помагалото, специјалистички извештај од специјалист оториноларинголог за способност за управување со помагалото и специјалистички извештај од специјалист психијатар за психичката состојба за самостојно управување и вклучување во сообраќај со електромоторна инвалидска количка – скутер. За потребата на електромоторна инвалидска количка – скутер наод, оценка и мислење дава Лекарската комисија на Фондот. Право на електромоторнаколичка – скутер имаат осигурените лица со траен инвалидитет од 7-26 години и над 65 годишна возраст. Осигурените лица кои ќе остварат право на електромоторна инвалидска количка – скутер имаат право и на собна инвалидска количка.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка (Скутер) – Ceres”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart