Карактеристики
- Носивост 140 kg;
- Тежина на скутерот 75 kg;
- Должина 1185 mm;
- Ширина 570 mm;
- Висина 1150 mm;
- Опсег 30/37 km;
- Совладување угорнина до 6º/10 %;
- Моќност (мотор) 320W;
- Батерии 2х12V 38/50 Ah;
- Максимална Брзина 6/10 km/h .
141.640,00 ден – 150.860,00 ден
Vermeiren Eris е скутер за користење во затворен простор и на отворено за пократки растојанија. Компактниот дизајн и малите димензии дозволуваат лесно користење во затворен простор. Има ротирачко седиште кое е подесливо по висина. Скутерот има и модерна корпа која може да се користи и како корпа за пазарење.
Скутерот Eris е достапен во верзија со максимална брзина до 6 km/h и до 10km/h.
G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20 Паркинсонова болест;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначена;
G81.9 Хемиплегија, неозначена;
G82(G82.0-G82.2) Параплегија;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до или под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти.
Правото на Електромоторна инвалидска количка – скутер се остварува со Конзилијарно мислење издадено од: Универзитетска клиника за неврологија, Универзитетска клиника за ревматологија, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за Детски болести, Универзитетска клиника за детска хирургија, Универзитетска клиника за тораковаскуларна хирургија и Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Покрај Конзилијарното мислење осигуреното лице е потребно да достави и специјалистички извештај
од специјалист офталмолог за способност за управување со помагалото, специјалистички извештај од специјалист оториноларинголог за способност за управување со помагалото и специјалистички извештај од специјалист психијатар за психичката состојба за самостојно управување и вклучување во сообраќај со електромоторна инвалидска количка – скутер. За потребата на електромоторна инвалидска количка – скутер наод, оценка и мислење дава Лекарската комисија на Фондот. Право на електромоторнаколичка – скутер имаат осигурените лица со траен инвалидитет од 7-26 години и над 65 годишна возраст. Осигурените лица кои ќе остварат право на електромоторна инвалидска количка – скутер имаат право и на собна инвалидска количка.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Vermeiren Carpo 3 и Carpo4 се моќни скутери за надворешна употреба. Carpo 3 е скутер со 3 тркала, а Carpo 4 е скутер со 4 тркала. Имаат светол LCD екран за индикација и контрола на различни иформации за состојбата на скутерот. Електронски се програмабилни и се безбедни при нивното користење на отворено. Темно сивата боја им дава стилски и посебен изглед со што се идвојуват од останатите скутери.
Имаат подесливо и ротирачко седиште за полесно седнување. Има потпирач за главата, гуми на пумпање и модерна корпа за пазарење. Потпирачот за нозе има плоча отпорна на пролизгување.
Vermeiren Ceres 3 и Ceres 4 се скутери за употреба како во затворен простор така и за употреба надвор. Ceres 3 е скутер со 3 тркала, а Ceres 4 е со 4 тркала. Командните копчиња и индикатори се прегледни, достапни и лесни за користење. Електронски се програмабилни и се безбедни при нивното користење на отворено.
Имаат подесливо и ротирачко седиште за полесно седнување, потпирач за глава, гуми на пумпање, ретровизори и модерна корпа за пазарење. Потпирачот за нозе има плоча отпорна на пролизгување.
Vermeiren Mercurius 4 е моќен скутер со четири тркала. Има амортизери на секое тркало за поголема удобност при возењето. Димензии на гумите овозможуваат лесно совладување на нерамнините на патот и несоодветно направени тротоари. Идеален е за користење и на отворено и во рурални области, каде што треба да се поминат подолги растојанија и да се вози по нерамен и неасфалтиран пат. Седиштето е подесливо и ротирачко за полесно седнување Има потпирач за главата и прилагодливи потпирачи за раце, модерна корпа за пазарење, два ретровизори, LED светла на задната и предната страна и два USB конектори за полнење на вашите електронски уреди.
Vermeiren – Venus е склоплив скутер со 4 тркала за внатрешна и надворешна употреба. Удобен е и практичен за секојдневна употреба. Може да се расклопи на 4 дела без дополнителни алатки. Поради малата тежина и целосно расклопливата конструкција лесно се транспортира со автомобил. Седиштето е ротирачко за едноставно и брзо седнување и може да се подесува по висина. Има и корпа од тврда пластика за пазарење и носење предмети .
VENUS е се што ви треба – сигурност, стил, удобност, мобилност и издржливост.
Коментари
Се уште нема коментари.