Технички податоци
- Длабочина на седиште: 490 мм
- Висина на седиште: 530-720 мм
- Должина: 1450 мм
- Ширина: 660 мм
- Висина: 1350 мм
- Тежина на количка: 120-131 кг
- Максимална тежина на корисник: 150 кг
272.000,00 ден
G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20 Паркинсонова болест;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначена;
G81.9 Хемиплегија, неозначена;
G82(G82.0-G82.2) Параплегија;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до или под колено;
89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти.
Правото на Електромоторна инвалидска количка – скутер се остварува со Конзилијарно мислење издадено од: Универзитетска клиника за неврологија, Универзитетска клиника за ревматологија, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за Детски болести, Универзитетска клиника за детска хирургија, Универзитетска клиника за тораковаскуларна хирургија и Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Покрај Конзилијарното мислење осигуреното лице е потребно да достави и специјалистички извештај од специјалист офталмолог за способност за управување со помагалото, специјалистички извештај од специјалист оториноларинголог за способност за управување со помагалото и специјалистички извештај од специјалист психијатар за психичката состојба за самостојно управување и вклучување во сообраќај со електромоторна инвалидска количка – скутер. За потребата на електромоторна инвалидска количка – скутер наод, оценка и мислење дава Лекарската комисија на Фондот. Право на електромоторна количка – скутер имаат осигурените лица со траен инвалидитет од 7-26 години и над 65 годишна возраст. Осигурените лица кои ќе остварат право на електромоторна инвалидска количка – скутер имаат право и на собна инвалидска количка.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Коментари
Се уште нема коментари.