Електромоторна инвалидска количка Comfort – CONQUEROR

121.469,00 ден

3107 | Електромоторна инвалидска количка

Партиципација: 0%

  • Comfort CONQUEROR е eлектромоторна инвалидска количка со крут челичен рам;
  • Наслонот на количката се склопува, потпирачите за нозе се преклопуваат и се подесуваат по висина;
  • Количката има контролна табла PG, два мотори (24V 450W) и амортизери на задните тркала;
  • Има можност за промена на контролата табла (џоистикот) на страната за управување со лева или десна рака;
  • Има ремен за фиксација на телото;
  • Брзина на движење е 7,6 km/h и совладува угорнина до 10%.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 430-485 мм
  • Длабочина на седиште: 475 мм
  • Висина на седиште: 430 мм
  • Должина: 1125 мм
  • Ширина: 640-680мм
  • Висина: 1090 мм
  • Тежина на количка:80-82 кг
  • Максимална тежина на корисник: 120 кг
  • Брзина 7,6 km/h;
  • Совладување угорнина до 10%.

ФЗОМ Медицински индикации

Индикации исти како кај инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен
хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос.
Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електро- моторна количка.

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка Comfort – CONQUEROR”
Shopping Cart