Опис
Вертикализаторот ACTIVALL™ игра голема улога во максимално можно осамостојување на корисникот.
Помагалото е опремено со 4 ротирачки тркала со сопирачки кои овозможуваат преместување на пациентот низ просторијата.
ACTIVALL™ е достапен во 5 големини за различни возрасни групи
ACTIVALL™ Се користи во процесот на секојдневната рехабилитација која се одвива не само во болничките установи и одделенијата за рехабилитација, туку и во домашни услови. Кај деца се овозможува да се направат првите чекори, а возрасните со помош на вертикализаторот ја одржуваат или ја враќаат својата кондиција.
Медицински индикации
Вертикализаторот е наменет за лица со:
•Церебрална парализа, различни типови и форми
•Повреди на мозокот и рбетниот столб со парализа и слабост на долните екстремитети, нарушување на рамнотежата и моториката со различна етиологија
•Демиелинизирачка болест (мултиплекс склероза)
•Менингоцела
•Мускулни заболувања со слабост и парализа (дистрофија, myasthenia gravis, myositis)
•Генетски заболувања
•Дегенеративни и невролошки заболувања
•Други состојби поврзани со мускулна слабост, парализа и мускулно-скелетни заболувања)
•После повреди на глава и рбетниот столб со парализа и пареза.
Коментари
Се уште нема коментари.