Детска инвалидска количка – 3105ASA

15.500,00 ден

3105 | Детска инвалидска количка – Стандард

3105ASA e склоплива детска инвалидска количка.

3105ASA има челичен рам, преклопни потпирачи за раце, демонтажни и преклопни потпирачи за нозе. Лесно достапни кочници на задните тркала. Склоплива е за полесен транспорт и чување. Достапна е во четири бои на рамот, црвена, сина, жолта и зелена.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 305/355 mm,
  • Длабочина на седиштето 305 mm,
  • Должина 940 mm,
  • Ширина 488 mm,
  • Висина 859 mm,
  • Ширина-склопена 270 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 356 mm,
  • Тежина 14/16 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 120 kg.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G24 Дистонија;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M08 Јувенилен артрит;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Q72 Редукциски дефекти на долен екстремитет.

Дополнителни информации

Индикационо подрачје  дете со низок степен на активност или неможност за самостојно управување со инвалидска количка тогаш се препишува количка стандард  (тетраплегија, триплегија, параплегија, хемиплегија/тетрапареза, трипареза, парапареза, хемипареза од тежок степен па нема можност за дви-
жење без употреба на инвалидска количка. Ампутација на обете нозе под колена (кога протезата е медицински контраиндицирана), ампутација на една нога ако поради клиничкиот статус не е можна примена на протеза. Тешки дегенеративни или деструктивни процеси, посттрауматски деформитети или вродени болести на долните екстремитети кога нема можност за движење со употреба на штаки или одалка.
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Детска инвалидска количка – 3105ASA”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart