Лесна инвалидска количка – детска Eclips X4 90° Kids

45.390,00 ден

3109 | Стандардна лесна инвалидска количка

Партиципација: 0%
Доплата: 15.271 ден.

  • Vermeiren Eclips X4 90° Kids е лесна детска инвалидска количка изработена од алуминиум;
  • Потпирачот за грб е повисок и може да се навалува од 90° до лежечка положба;
  • Оваа модерна количка е дизајнирана да биде е лесна за управување и транспорт;
  • Задните тркала лесно и брзо се отстрануваат;
  • Потпирачите за нозе се склопуваат и подесуваат по висина;
  • Има заштитни панели за раце кои се подесуваат по висина;

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 320-370 мм
  • Длабочина на седиште: 310-390 мм
  • Висина на седиште: 350-400 мм
  • Должина: 830-1000 мм
  • Ширина: 500-550 мм
  • Тежина на количката: 15 кг
  • Максимална тежина на корисник: 80 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4;G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
(G82.3;G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави протеза)

Креитериуми

На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Лесна инвалидска количка – детска Eclips X4 90° Kids”
Shopping Cart