Детска инвалидска количка – 925

Vermeiren 925 е склоплива лесна детска инвалидска количка.

Количката тежи само 13 кг заедно со тркалата, што го олеснува склопување и нејзиниот транспорт. Има брзо демонтажни задни тркала. Потпирачот за нозете е единечен, подеслив по длабочина и агол. Страниците се од алуминиум спречуваат зафаќање на облеката од задните тркала.

Достапна е во две бои на рамот, жолта и сина.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 290–350 mm,
  • Длабочина на седиштето 330 mm,
  • Должина 790 mm,
  • Ширина 480–540 mm,
  • Висина 910 mm,
  • Ширина-склопена од 320 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 360 mm,
  • Совладување угорнина до 10°
  • Тежина 13,4 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 60 kg.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G24 Дистонија;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M08 Јувенилен артрит;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Q72 Редукциски дефекти на долен екстремитет.

Напомена

Индикационо подрачје – дете со низок степен на активност или неможност за самостојно управување со
инвалидска количка – тогаш се препишува количка стандард – (тетраплегија, триплегија, параплегија, хе-
миплегија/тетрапареза, трипареза, парапареза, хемипареза од тежок степен па нема можност за дви-
жење без употреба на инвалидска количка. Ампутација на обете нозе под колена (кога протезата е меди-
цински контраиндицирана), ампутација на една нога – ако поради клиничкиот статус не е можна примена
на протеза. Тешки дегенеративни или деструктивни процеси, посттрауматски деформитети или вродени
болести на долните екстремитети кога нема можност за движење со употреба на штаки или одалка.

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Детска инвалидска количка – 925”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart