Детска инвалидска количка – 708 Кids

16.000,00 ден

 

  • Склоплива и стабилна стандардна детска количка која е лесна за транспорт;
  • Има задно офсет тркало и раздалечени тркала за поголема стабилност на корисникот;
  • Потпирачите за нозе се ротирачки, со можност за отстранување на истите;
  • Има ротирачки потпирачи за нозе, со можност за отстранување на истите;
  • Потпирачите за раце се меки и може да се демонтираат;
  • Задните тркала се демонтираат и има ефикасен систем за кочење.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 320-370 мм
  • Длабочина на седиште: 350 мм
  • Висина на седиште: 420 мм
  • Должина: 985 мм
  • Ширина: 500-550 мм
  • Висина: 905 мм
  • Тежина на количка: 18 кг
  • Максимална тежина на корисник: 60 кг

ФЗОМ Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G24 Дистонија;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M08 Јувенилен артрит;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Q72 Редукциски дефекти на долен екстремитет.

Индикационо подрачје: – дете со низок степен на активност или неможност за самостојно управување со инвалидска количка – тогаш се препишува количка стандард – тетраплегија, триплегија, параплегија, хемиплегија/тетрапареза, трипареза, парапареза, хемипареза од тежок степен па нема можност за движење без употреба на инвалидска количка. Ампутација на обете нозе под колена (кога протезата е медицински контраиндицирана), ампутација на една нога – ако поради клиничкиот статус не е можна примена на протеза. Тешки дегенеративни или деструктивни процеси, посттрауматски деформитети или вродени болести на долните екстремитети кога нема можност за движење со употреба на штаки или одалка.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Детска инвалидска количка – 708 Кids”
Shopping Cart