Опис
- Алуминиумски рамки
- Подножје со опција за прилагодување на височина
- Максимална тежина од 120 кг
69.855,00 ден
3110 | Активна инвалидска количка
Со својот атрактивен, елегантен стил, во комбинација со лесна склопливост 3110COB e одличен избор за секоја пригода.
3110COB ви нуди едноставно складирање за транспорт, зашедувајќи време и енергија.
(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).
КРИТЕРИУМИТЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО НА СТАНДАРДНА ЛЕСНА ИНВАЛИДСКА
КОЛИЧКА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗМЕНИТЕ НА ПРАВИЛНИКОТ СЕ:
Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален
статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува
еден од следните критериуми:
• Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
• Работен однос;
• Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано, и
• Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Avantgarde Teen 2 е активна склоплива детска инвалидска количка.
Наменета е за деца, адолесценти и мали возрасни лица. Лесно е управлива и нуди самостојност на корисникот во домот, на училиште и на било кое друго место. Задните тркала се со модерен дизајн, лесно демонтажни и подесливи по висина. Има прилагодливи и демонтажни потпирачи за нозете. Можноста за подесувањето на рамот го поддржува растот детето, а аголот на колената не се менува.
Најдобар услов за подвижност и правилен развој на детето е фактот дека седењето е правилно и удобно.
Големиот асортиман на големини и широкиот спектар на опрема нудат индивидуално решение за секое дете.
3110 | Активна инвалидска количка
S1 е модерна, ригидна и активна инвалидска количка. Дизајнирана за луѓе кои сакаат да останат мобилни.
3110 | Активна инвалидска количка
Vermeiren Sagitta е активна инвалидска количка со крут рам.
Sagitta е модерна, активна инвалидска количка која може целосно индивидулно да се прилагоди. Индивидуално се подесуваат потпирачите за раце, потпирачите за нозе, аголот на потпирачот за грб (наклон на седење), аголот на тркалата, висината на потпирачот за грб. Лесно е управлива заради компактниот дизајн и малата тежина.
Крутиот рам е од легура на алуминиум и придонесува да максималната тежина на количката е само 9,5 kg.
Има голем избор на додатна опрема.
3110 | Активна инвалидска количка
Vermeiren Trigo S е склоплива активна инвалидска количка.
Наменета е за лица со активен секојдневен живот и спортски дух. Изработена е од алуминиумски цевки со триаголен пресек за поголема јакост на рамот и отпорност кон механички оштетувања.
Во основната верзија, количката тежи само 12kg со тркалата. Ова ја прави лидер во категоријата склопливи активни инвалидски колички. Задните тркала се со спортски и модерен дизајн, лесно демонтажни, прилагодливи по висина и агол и со лесно достапни кочници. На предните тркала може да им се менува и висината. Trigo S има фиксен потпирач за нозе и страници кои се подесливи по висина. Кај Trigo S во зависност од потребите и состојбата на корисникот, тежиштто може да да се помести напред или назад. Ваквата конфигурацијата ја прави Trigo S уште полесна, а притоа одржувајќи максимум функционалност и јакост.
Има можност за голем избор на додатна опрема.
3110 | Активна инвалидска количка
Vermeiren – Trigo Т е склоплива лесна активна инвалидска количка.
Изработена е од алуминиумски цевки со триаголен пресек за поголема цврстина на рамот и отпорност на механички оштетувања. Задните тркала се со спортски и модерен дизајн, лесно се демонтажни и прилагодливи по висина и агол. Има подесливи и демонтажни потпирачи за нозе и страници подесливи по висина.
Рамот, богатата дополнителна опрема, широкиот опсег на бои и димензии на седиштето помагаат количката да може индувидуално да се прилагоди на речиси секој корисник.
Има можност за голем избор на додатна опрема.
Коментари
Се уште нема коментари.