Активна инвалидска количка Trigo S – Vermeiren

Шифра: 3110VMAS Категории: ,

72.261,00 ден

Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.

Vermeiren Trigo S е склоплива активна инвалидска количка.
Наменета е за лица со активен секојдневен живот и спортски дух. Изработена е од алуминиумски цевки со триаголен пресек за поголема јакост на рамот и отпорност кон механички оштетувања.
Во основната верзија, количката тежи само 12kg со тркалата. Ова ја прави лидер во категоријата склопливи активни инвалидски колички. Задните тркала се со спортски и модерен дизајн, лесно демонтажни, прилагодливи  по висина и агол и со лесно достапни кочници. На предните тркала може да им се менува и висината. Trigo S има фиксен потпирач за нозе и страници кои се подесливи по висина. Кај Trigo S во зависност од потребите и состојбата на корисникот, тежиштто може да да се  помести напред или назад. Ваквата конфигурацијата ја прави Trigo S уште полесна, а притоа одржувајќи максимум функционалност и јакост.

Има можност за голем избор на додатна опрема.

Карактеристики

  • Максимална тежина на корисникот до 130kg,
  • Тежина на количката 12 kg,
  • Ширина на седиштето од 300mm до 500mm,
  • Длабочина на седиштето од 320mm до 500mm,
  • Висина на количката 457mm до 945mm,
  • Висина на седиштето (од тлото) 380mm до 510mm,
  • Потпирач за нозе – подеслив по висина (220mm-500mm) и агол (20°).

Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Активна инвалидска количка Trigo S – Vermeiren”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart