Активна инвалидска количка X1-SP

Шифра: 3110COB Категории: , Ознака:

69.855,00 ден

3110 | Активна инвалидска количка

Партиципација: 0%

  • Активна склоплива количка која има атрактивен и елегантен дизајн;
  • Количката е едноставна за складирање и транспорт со што се заштедува време и енергија;
  • Има алуминиумска рамка;
  • Основата може да се прилагодува по висина;
  • Предниот дел има крут рам и единечен алуминиумски потпирач за нозе;
  • Потпирачите за нозе се подесуваат по висина;
  • Задните тркала лесно се демонтираат.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 330-510 мм
  • Длабочина на седиште: 400-440 мм
  • Висина на седиште: 440-500 мм
  • Тежина на количка: 10.5 кг
  • Максимална тежина на корисник: 120 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериум

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано, и
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Активна инвалидска количка X1-SP”
Shopping Cart