Активна инвалидска количка – Trigo S

69.855,00 ден

3110 | Активна инвалидска количка

Партиципација: 0%

  • Склоплива инвалидска количка за активни лица со спортски дух;
  • Количката индивидуално се конфигурира заедно со корисникот, со земање мерка и избор на компоненти според неговите потреби и желби;
  • Изработена е од алуминиумски цевки со триаголен пресек за поголема издржливост на рамот и отпорност кон механички оштетувања;
  • Задните тркала се со спортски и модерен дизајн, лесно се демонтираат и се прилагодливи по висина и агол;
  • Лесно достапни кочници;
  • Предните тркала се подесуваат по висина;
  • Задните тркалата се подесуваат со цел да се прилагоди центарот за гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се добива поголема стабилност или мобилност;
  • Има единечен потпирач за нозе и страници кои се подесуваат по висина;
  • Mожност за голем избор на дополнителна опрема.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 300-500 мм
  • Длабочина на седиште: 320-500 мм
  • Висина на седиште: 320-500 мм
  • Должина: 676-1046 мм
  • Ширина: 460-600 мм
  • Висина: 457-945 мм
  • Тежина на количка: 12,3 кг
  • Максимална тежина на корисник: 70-130 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериуми

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано, и
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Активна инвалидска количка – Trigo S”
Shopping Cart