I-Step 5000 има 3744 сензори кои го мерат притисокот на стапалото на секои 0,25cm2;
Големиот број на сензори даваат прецизност и при скенирање на мали стопала (детски);
1326 инфрацрвени диоди и рецептори кои се распоредени на половина милиметар;
Прецизно ја одредува големината на стапалото (должина и ширина) без да користи подвижни делови;
Со „анализа на релативен притисок“ се обезбедува точна слика, дури и кога корисникот стои на скенерот подолг период;
Сликите се прикачуваат во две или три димензии со голема и мала резолуција;
Корисникот добива примерок од резултатите во печатена форма;
Резултатите се чуваат во базата на податоци;
Врз основа на резултатите, препорачуваме соодветни ортопедски влошки кои се изработуваат индивидуално, со цел растеретување на пооптеретените зони, стабилизирање на петата и корекции на сводовите на стапалото.
Наменети за најчестиот деформитет на стапалото, паднат надолжен свод (спуштен табан).
Во влошката е вградено супинационо перниче кое го враќа сводот во анатомска положба со што ја подобрува статиката на стоењето и го распоредува оптоварувањето на стапалата, колената и ‘рбетниот столб.
Ја намалува болката во нозете и притисокот врз зглобовите;