-
Зглобни механизми
Микропроцесорско колено – SmartIP
Погодно е за користење во надворешни услови за корисници со среден и висок степен на активност.
SmartIP е микропроцесорско контролирано колено што користи компјутерска технологија со која во реално време го подесува коленото до оптимални поставки на флексија и екстензија на коленото индивудуално за секој корисник со што се намалува енергијата потребна за чекорење. -
Зглобни механизми
Микропроцесорко колено C-LEG
C-Leg им помага на луѓето со ампутација на долните екстремитети да постигнат поактивен и независен начин на живот.
Со многуте иновативни карактеристики, безбеден, динамичен и модерен. Без разлика дали сте на рамен терен, се спуштате по скали, падини или тешки површини како што се шумски пат, песок и чакал, па дури и одење наназад C-Leg активно се прилагодува на секојдневните ситуации. Стоењето со малку свиткано колено сега е уште поприродно и поопуштено. Независност од временските услови зашто C-Leg е оценета со услов IP67. Овој рејтинг значи дека C-Leg 4 е заштитен од оштетување од дожд или краткотрајно потопување во слатка вода до длабочина од еден метар максимум триесет минути. Исто така, нова е можноста за контрола на C-Leg со помош на апликацијата на уредите со Apple (iOS) и Android. -
Зглобни механизми
Пневматски коленски зглоб – 3R106
Пневматскиот коленски зглоб 3R106 ги олеснува секојдневните активности.
Секој кој се грижи за домот и сака да биде активен ја знае важноста на флексибилноста на движењето. Од подигање предмети од под до отворање на најдолните фиоки потребен е голем агол на свиткување на коленото. Ова е причината зошто корисниците сакаат коленски зглоб со функционалност што е што поблиску до природниот модел. 3R106 има двојна пневматска единица со вентил за контрола на свиткувањето. При поголема брзина на одење, отпорот на свиткувањето се зголемува авто-адаптивно, што спречува преголемо свиткување, а со тоа движењата се хармонични и контролирани дури и при поголема брзина на одење. Свиткувањето на коленото е до 170 °.
Коленoто е наменето за корисници со степен на активност среден до висок (2+3) -
Колена
Пневматско едноосовинско колено со фрикциона кочница – Tedra
Пневматското колено TEDRА има можност за подесување на екстензијата со што се овозможува одлична стабилност и контрола на фазата на нишање. Спојот на коленото со фрикционата кочница нуди одлична стабилност. Кочницата автоматски се ослободува кога оптеретувањето е на петата.
Наменето за корисници со среден и висок степен на активност (3). -
Зглобни механизми
Хидрауличен коленски зглоб – 3R80
3R80 со својот единствен принцип на ротација на хидрауликата се препорачува и за корисници на протези со телесна тежина до 150 кг. Kaj 3R80 коленото, фазата на нишање и фазата на потпирање се контролирани од хидраулика со што одењето по скали чекор по чекор и одење по стрмнини е поефикасно и побезбедно. Одот е сличен на физиолошкиот дури и при различни брзини на одење.
Коленото 3R80 е отпорно на вода до длабочина до 3 метри и има рачно заклучување за уште повисоко ниво на сигурност, особено во влажни услови.
Коленoто 3R80 е наменето за корисници чиј степен на активност е среден и висок (3+4). -
Зглобни механизми
Хидраулично повеќеосовинско колено – Troya
Функционирањето на хидрауличното повеќеосовинско колено TROYA е многу блиско до нормалната функција на коленото и е наменето за корисници со среден и висок степен на активност. Во коленото се користи течен медиум наместо воздух, а со тоа се добива поширок опсег на брзини на одење.
Повеќеосовинската кинематика нуди удобно чекорење и одлична контрола на фазата на нишање. -
Зглобни механизми
Коленски зглоб со кочница – 3R15
3R15 е модуларен едносовински коленски зглоб со кочница.
Наменето е за корисници со низок степен на активност (1). Закочувањето е автоматско при целосна екстензија на коленото. При одење коленото е закочено и нема свиткување со што се добива стабилност и сигурност при одот. Свиткувањето на коленато е до 140 °. Деблокирањето на коленото е при седнување и рачно со сајлата за откочување. -
Зглобни механизми
Повеќеосовински модуларен коленски зглоб – 3R21
3R21 е повеќеосовински модуларен коленски зглоб за дезартикулација.
Горниот дел на зглобот е со дел за ламинација и долниот дел на зглобот се поврзани со предниот и задниот дел со осовини. Демонтажниот дел за ламинирање е поврзан со лежиштето. Стабилноста на фазата на потпирање се постигнува преку повеќеосовинската кинематика. Отпорот и јачината на пружината можат да се подесуваат во секое време.
Коленoто 3R21 е наменето за корисници чиј степен на активност е низок до среден (1+2).