• Потколени ортози

    Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перонеус)

    3.012,00 ден

    2302 | Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перенеус)

    • Ортозата за ограничување на плантарната флексијач
    • Помага при одење кај проблеми со „паднато стапало” независно од кои причини;
    • Изработен од лесен пластичен материјал;
    • Едноставен за одржување;
    • Благодарение на анатомскиот дизајн може да се вклопи во сите видови на чевли;
    • Ортозата индивидуално се адаптира од страна на ортопедски техничар.
    Одбери опции
  • Потколени ортози

    Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перонеус) – Otto Bock

    3.662,00 ден

     2302 | Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перенеус).

    • Ортозата Перенеус помага при одење кај проблеми со „паднато стапало” независно од кои причини.
    • Го држи стапалото во природна положба;
    • Спречува паѓање на предниот дел од стапалото;
    • Изработен од лесен пластичен материјал;
    • Лесно се оддржува;
    • Благодарение на анатомскиот дизајн може да се вклопи во сите видови на чевли.
    • Потребно е индивидуално адаптирање на ортозата од страна на ортопедски техничар.
    Одбери опции
  • Потколени ортози

    Динамичка Ортоза – WalkOn Reaction

    27.784,00 ден

    • Луѓето со трајна слабост на дорзифлексорот зависат од медицинско помагало кое им го крева стапалото при одење. Токму тоа е наменета на WalkOn Reaction ортозата;
    • WalkOn Reaction помага да се подигне стапалото за време на фазата на замав, така што одењето станува побезбедно и се намалува ризикот од сопнување и паѓање;
    • Врвот на стапалото повеќе не се сопнува така лесно и често на мали пречки или нерамнини како без ортозата;
    • Благодарение на посебниот дизајн, WalkOn Reaction го поддржува и коленото;
    • Во случај на оштетување на мускулатурата за спуштање на стапалото, ортозата го олеснува одењето со  висок поврат на енергија која се акумулира за време на оптеретувањето на ортозата при нагазување;
    • Со користење на ортозата повторно може да одите природно.
    Одбери опции
  • Потколени ортози

    Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала – Ахилова чизма

    4.410,00 ден

     2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала

    • Ортоза со скочен зглоб и метална сандала која се користи за конзервативен и постоперативен третман на фрактури на потколеница, за постоперативен третман на лигаменти на скочен зглоб, меки ткива и тетиви, за третман кај хронична нестабилност на лигаментите и дислокација на перонеална тетива, за продолжено лекување на talus calcaneus, за рана функционална терапија по конзервативен или хируршки третман на руптура на Ахилова тетива;
    • Ортозата има комплет составен од 3 подигнувачи на пета кои обезбедуваат фиксен агол на флексија на скочниот зглоб и овозможува растеретување на Ахиловата тетива;
    • Секој подигнувач овозможува имобилизација под агол од 12,5 степени;
    • Внатрешноста е обложена со фротир за поголема удобност;
    • Лесен е за употреба и има димензии што го опфаќаат секој глужд.
    Одбери опции
  • Потколени ортози

    Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Редерсман

    7.922,00 ден

    2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб

    • Корективен апарат Редерсман кој овозможува рана мобилизација со прилагодување на степенот на дорзифлексија и плантарна флексија на позицијата на глуждот;
    • Се користи за пост-оперативна стабилизација при повреди на тетивите, лигаментите и меките ткива.
    • Кај хронична нестабилност на лигаментите, нестабилни фрактури на дисталната тибија и фибула, фрактури на фибула кои се решени со импланти;
    • Делумната подвижност на глуждот која е контролирана овозможува рана функционална мобилизација;
    • Специјално дизајнираниот ѓон овозможува физиолошко одење. Во внатрешноста ортозата е обложена со сунѓер и текстил за поголема удобност.
    Одбери опции
  • Потколени ортози

    Ахилова чизма со воздух – Malleo Immobil Air Walker

    6.600,00 ден

    2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала

    Доплата: 2.190 ден.

    • Malleo Immobil Air Walker е ортоза која се користи за конзервативно и постоперативно лекување на повреди во пределот на стапалото искочниот зглоб;
    • Лесно се аплицира со лепливи ленти и одговара за лева и десна нога. Заоблениот дел за газење овозможува физиолошко одење со ортозата;
    • Влошките во ортозата ја подобруваат удобноста;
    • Интегрираната воздушна пумпа овозможува подобро налегнување и стабилност на стаалото;
    • Со сетот од клинови кои се вметнуваат под петата се добива бараната флексија на скочниот зглоб при руптура на Ахилова тетива.
    Одбери опции
  • Ортози

    Антиротациона ортоза

    2.584,00 ден
    • Oртоза за деформитети на стапало која обезбедува одмор, физиолошка позиција на стапалото по операција на коските или меките ткива на стапалото или глуждот, во случаи на хемиплегија, параплегија и повреда на периферни нерви, после операции на Ахиловата тетива, како и после фрактури на глуждот и стапалото;
    • Се користи за позиционирање на зглобот на колкот и зглобот на глуждот во случаи кога лекувањето бара долг одмор во кревет;
    • Изработена од полиетиленски материјал од 3мм;
    • Со прилагодлива Т – шина на ѓонот, стапалото е поставено на саканата висина и агол на ротација;
    • За поголема удобност, ортозата од внатре е обложена со перничиња од сунѓер и текстил кои по потреба може да се перат.
    Одбери опции
  • Индивидуални производи

    Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли

    2303 | Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли

    • Mеханичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка, од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
    • Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
    • За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа;
    • Помага кај паднато стапало независно од која причина;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
    Додај во кошничка
Shopping Cart