• Индивидуални производи

    Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала

    2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала

    • Механичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Помага кај паднато стапало независно од која причина;
    • Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со метална сандала која го опфаќа стапалото и преку која се облекува чевел изработен по мерка;
    • За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа.
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.       
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Корективен апарат за корекција на скочен зглоб

    2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)

    • Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото.
    • На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
    • Овозможува добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
    • За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало

    2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало

    • Ортоза на глуждот (AFO), која е изработена по индивидуален отисок, помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
    • Исто така се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помага во намалувањето на спастичноста.
    • Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
    Додај во кошничка
  • Антидекубитални перници

    Перниче од полиуретан со мемориска пена

    3.225,00 ден

    3215 | Перниче од полиуретан со мемориска пена обложено со текстил

    Партиципација: 0%

    • Перниче од полиуретан со мемори пена наменето за лица кои поголемиот дел од времето го поминуваат седејќи.
    • Се препорачлива за лица со посебни потреби во инвалидски колички.
    • Внатрешниот материјал на перницата е изработен од 100% VISCO.
    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Корективен апарат за исчашени колкови по хилгерајнер

    1.260,00 ден

    2601| Корективен апарат за исчашени колкови по хилгерајнер со механизам за прилагодување на абдукција и аддукција

    • Го задржува колкот во правилна положба и помага за нормално развивање на колковите;
    • Големината се одредува според обем на стомак;

     

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало

    2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало

    • Ортоза за скочен зглоб (AFO), изработена по индивидуален отисок;
    • Помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата;
    • Се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста;
    • Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
    Додај во кошничка
  • Колички

    Стандардна лесна инвалидска количка Eclips X2

    30.119,00 ден

    3109 | Лесна инвалидска количка

    Партиципација: 0%

    • Изработена од алуминиум со темен рам и гуми, кои и даваат модерен и современ изглед;
    • Тркалата се подесуваат со цел да се прилагоди центарот за гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се добива поголема стабилност или мобилност;
    • Наслонот се склопува, со што зазема помалку место при транспорт;
    • Кочници за помошникот: важна функција која дава сигурност, при туркање на количката низ стрмни површини;
    • Ротирачки потпирачи за нозе, кои се подесуваат по висина и се отстрануваат;
    • Задните тркала лесно се демонтираат без алат;
    • Може да се промени висината на седење според потребите на корисникот;
    • Балансер против превртување;
    • Седиштето и наслонот се изработени од материјал AirFlow кој овозможува воздухот слободно да циркулира.
    Додај во кошничка
  • Колички

    Стандардна лесна инвалидска количка – START M2S

    30.119,00 ден

    3109 | Стандардна лесна инвалидска количка

    Партиципација: 0%

    • Склоплива лесна количка која може да се изработи индивидуално според потребите на корисникот;
    • Изработена од алуминиумски рам;
    • Висината на потпирачите за раце и длабочината на седиштето може да се подесуваат рачно и без алат;
    • Можност за поставување на тркалото на три различни позиции, за да се прилагоди центарот на гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се одбива поголема стабилност или подвижност;
    • Потпирачите за нозе се подесуваат по висина, ротираат и се отстрануваат;
    • Задните тркала се демонтираат лесно без алат;
    • Може да се подеси затегнатоста на наслонот;
    • Лесна за транспорт;
    • Балансер против превртување;
    • Количката може индивидуално да се догради и со:
      Потпирачи за лица со пократки долни екстремитети;
      Потпирачи кои се подигнуваат според висината на нозете.
    Додај во кошничка
Shopping Cart