-
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало – UCBL
3.946,00 ден2610| Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Партиципација: 10% (395 ден)
- Ортоза за стaпало UCBL која има максимална контрола на позицијата на стапалото;
- Се користи за корекција на флексибилни деформитети на стапалото, го контролира и лакот и правецот на стапалото;
- Се разликува од стандардните ортотички средства за стапала по тоа што целосно ја опфаќа петата за да ја држи во правилнa положба;
- Се изработува по индивидуален отисок;
- Изработена е од ПЕ или ПП, лесна за одржување на хигиена.
-
Детски ортози за долни екстремитети
Сет за превенција на рамни стапала
1.245,00 ден- Сетот се состои од две полутопки, два цилиндри и каталог со вежби;
- Внатрешноста на полутопките е исполнета со воздух така што со вежбањето се совладува отпорот, а боцкавата надворешна површина предизвикува сензо-моторна стимулација;
- Со вежбите се зајакнуваат мускулите и се подобрува координацијата и балансот на телото, а сето тоа е одлична превенција од деформитети на ’рбетниот столб (кифоза, сколиоза, лордоза) како и деформитети на колената.
-
Детски ортози
Корективна лонгета за корекции на деформитети на стaпало – детска
1.680,00 ден- Потколена детска лонгета која помага скочниот зглоб да се држи во функционална положба од 90 степени;
- Изработена е од полиетелиенски материјал од 3мм;
- За поголема удобност ортозата од внатре е обложена со перничиња од сунѓер и текстил кои по потреба може да се перат.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на стапало Денис Браун
6.263,00 ден- Ортозата е составена од метална шина и чевли изработени по мерка.
- Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
- Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
- Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
-
Детски ортози
Ортопедски чевли за Денис Браун
3.250,00 ден- Чевли за корективен апарат за корекција на стапало Денис-Браун;
- Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
- Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
- Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
-
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
- Ортоза за скочен зглоб (AFO), изработена по индивидуален отисок;
- Помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата;
- Се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста;
- Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Детски
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
- Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб, со што се овозможува оптимална контрола на скочниот зглоб и стапалото;
- На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото;
- Дава добра поддршка при нестабилност кај валгус или варус (навалување на глуждот);
- За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото;
- Се изработува по индивидуален отисок.
-
Детски ортози
Имобилизатор за колено за деца
2.030,00 ден- Детски имобилизатор за колено кој се користи во ситуации кои бараат стабилизација на коленото и целосна екстензија (исправена положба 180°);
- Странично и на задната страна на имобилизаторот поставени се метални шини;
- Обезбедува имобилизација по операција на лигаменти во коленото;
- Може да се користи и за поддршка и позиционирање при одење во случаи на спастичен долен екстремитет и парализа;
- Ортозата е изработена од сунѓер со дебелина од 6 мм ламинирана со материјал;
- Ортозата има висока пропустливост на воздух, флексибилност и обезбедува висока компресија.