• Колк

    Неопренска ортоза за колк

    3.382,00 ден

    Неопренската ортоза за колк овозможува топлина, поддршка и заштита на меките ткива околу колкот. Овозможува поддршка благодарение на пластичната шина поставена странично на колкот. Изработена е од двојно ламиниран перфориран неопрен кој овозможува дишење на кожата.

     

    Одбери опции
  • Колк

    Абдукциона колк ортоза

    30.539,00 ден

    Обдукциона колк ортоза овозможува постоперативна заштита и стабилизација по операции на колкот како и кај луксации и дислокации. Со стабилизирањето на зглобот на колкот се оневозможува ротација или дислокација. Има можност за ограничување на движењата со помош на степенест регулатор. Изработен е од пластичен материјал обложен со мека и удобна сунѓереста постава и метална шина со можност за индивидуално подесување

    Одбери опции
  • Детски ортози

    Аталанта апарат за исчашени колкови за одење

    2605 | Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
    Оваа ортоза ја подобрува стабилноста на колкот со поддршка и позиционирање на колковите во оптимална позиција бидејќи овозможува контролиран опсег на движење. Топчестите зглобови на натколениците и страничните зглобови на колкот овозможуваат контролирани движења. Оваа детска ортоза за колкови може да се користи пост-оперативно за одржување на корегираната хируршка положба или за обезбедување максималната функција на пациентот за време на секојдневниот живот. Подобреното налегнување на колкот поттикнува правилно обликување на ацетабуларниот и феморалниот дел и ја намалува можноста за сублуксација и дислокација.
    Овој производ се користи по препорака и надзор на лекар и не може да се комбинира со кој било друг производ.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

    2105 во спој со 2506 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

    Се  изработува индивидуално од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување. Лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени.
    Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал. Наменет за повреди или заболувања на рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.

    * При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:
    – Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и
    – Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.

     

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен апарат со зглоб во колк зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

    2103 | Натколен апарат со зглоб во колк, зглоб во колено, со узенгија вградена во чевел
    Оваа ортоза се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата споени со модуларни ортотички зглобови за колк и колено. Се изведува со лумбален корсет или појас поради спојот со зглобот за колк. Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна.
    Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, зглобовите на колкот и коленото може да се со кочница или слободни. Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја превзема улогата на скочниот зглоб. За подобра удобност обложена е со филц, и природна кожа.
    Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.

    * Се изработува во спој со ортопедски чевли:
    – ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
    – ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
    Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

     

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Корективен апарат за исчашени колкови по хилгерајнер

    1.260,00 ден

    2601| Корективен апарат за исчашени колкови по хилгерајнер со механизам за прилагодување на абдукција и аддукција

    Големината се одредува со мерење на обемот на стомак.

     

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Корективен апарат за исчашени колкови по Павлик

    1.464,00 ден

    Корективниот апарат по Павлик се користи при третмани на дисплазија и конгенитална дислокација на колк кај бебиња. Специјално дизајнирани да ја постават главата на фемурот во ацетабулумот, постигнуваат флексија и умерена абдукција. Ги поставуваат колковите во природна позиција и помагаат за нормално растење и развивање на колковите.

    Одбери опции
  • Детски ортози

    Флексорна и абдукциска ортоза – Tubingen

    6.633,00 ден

    Tubingen – Абдукциона и флексиона ортоза за колкови
    Правилно созревање на колоковите на вашето дете
    Конгенитална дисплазија на колкови претставува задоцнет развој на зглобната чашка на колкот.Со абдукционата и флексиона ортоза Tubingen колковите на вашето дете се поставуваат во положба на флексија под агол поголем од 90°, а нозете се раширени под агол од 30° и 45°. Времетраењето и начинот на лекување го одредува вашиот лекар, зависно од староста на детето и степенот на зрелост.

    Додај во кошничка
Shopping Cart