На лето во Охрид со нашиот пријател Петар

На лето во Охрид со нашиот пријател Петар

Кон крајот на летово го посетивме нашиот пријател Петар Петровски во Охрид и решивме да го пренесеме според нас најважниот дел од неговата животна приказна.

Тој има 31 година и е сопруг и татко на едно дете. Пред 7 години учествувал во сообраќајна несреќа каде ја загубил левата нога. Корисник е на најсовременото микропроцесорско колено Genium X3 од меѓународниот партнер на СЛАВЕЈ, Ottobock.

Петар е инспиративен соговорник кој не нѐ остави рамнодушни и нѐ плени со неговата едноставност, искреност и директност. Ти благодариме пријателе!

“Не се откажувајте – никогаш не знаете што може да ви донесе животот. Да, може сега е тешко – но ќе биде подобро… Најбитно од сѐ е начинот на кој размислувате и борбата сами со себе. Значи САМИТЕ СО СЕБЕ ви е најголемата борба – кога тоа ќе го пребродите, јас мислам дека можете сѐ да направите.”

16/10/2020 Новости, Подвижност, Протетика