Стандардна лесна инвалидска количка Eclips X2

30.119,00 ден

3109 | Лесна инвалидска количка

Партиципација: 0%

  • Изработена од алуминиум со темен рам и гуми, кои и даваат модерен и современ изглед;
  • Тркалата се подесуваат со цел да се прилагоди центарот за гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се добива поголема стабилност или мобилност;
  • Наслонот се склопува, со што зазема помалку место при транспорт;
  • Кочници за помошникот: важна функција која дава сигурност, при туркање на количката низ стрмни површини;
  • Ротирачки потпирачи за нозе, кои се подесуваат по висина и се отстрануваат;
  • Задните тркала лесно се демонтираат без алат;
  • Може да се промени висината на седење според потребите на корисникот;
  • Балансер против превртување;
  • Седиштето и наслонот се изработени од материјал AirFlow кој овозможува воздухот слободно да циркулира.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 380-480 мм
  • Длабочина на седиште: 420 мм
  • Висина на седиште: 410 мм
  • Должина: 1050 мм
  • Ширина: 580-680 мм
  • Висина: 930 мм
  • Тежина на количка: 14,5-15,5 кг
  • Максимална тежина на корисник: 130 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4;G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
(G82.3;G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави
протеза)

Критериуми

На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Стандардна лесна инвалидска количка Eclips X2”
Shopping Cart