Карактеристики
- Ширина на седиштето 310/360/410 mm,
- Длабочина на седиштето 320/380/440 mm,
- Висина на потпирачот за грб 620/700/840 mm,
- Тежина 18,8/21/26,6 kg,
- Максимална тежина на корисникот до 40/60/90 kg.
73.058,00 ден
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Akcesmed – NOVA EVO® е специјалната невролошка количка.
Може да се користи за рехабилитација во домашни услови и за долги прошетки надвор. Се препорачува за корисници со спазми и за оние на кои им е потребна дополнителна стабилизација на седењето.
Длабокото седиште обезбедува удобна положба на седење во количката, што помага за правилно држење на телото при седење и корекција на неправилностите на држење на телото. Прилагодлив агол на седиштето (тилт). Бројните можности за прилагодување и големиот број на додатоци овозможуваат подесување на количката на индивидуалните потреби на детето. Количката лесно се склопува и малите димензии ја прават лесно транспортабилна.
NOVA EVO® е достапна во три големини.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа
3106DAA e инвалидската количка за лица со церебрална парализа.
Едноставна е за користење и подесување. Има можност за наклонување на седиштето (тилт) и подесување на наклонот на потпирачот на грбот. Седиштето се подесува за секој корисник индивидуално. Кога со експерт ќе ја дефинирате положбата, со неколку едноставни потези се подесува седиштето вклучувајќи ги и ремените.
Има абдукционен клин, демонтажни и подесливи потпирачи за нозете, подеслив наслон за главата, подесливи страници за фиксација на торзото, демонтажни потпирачи за раце подесливи по висина, ремени за фиксација на телото.
3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа
3106DAB е инвалидска количка за лица со церебрална парализа.
3106DAB може целосно индивидуално да се прилагоди. Едноставна е за користење. Кога со експерт ќе се дефинира потребната положба на седење, со неколку едноставни потези се подесува седиштето и ремените.
Количката има алуминиумски рам, можност за наклонување на седиштето (тилт), преклопни потпирачи за нозе, демонтажни потпирачи за раце, подесливи потпирачи за тело, градни појаси, абдукционен клин и подеслив потпирач за главата. Количката има и рачни кочници за придружникот.
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren – Gemini 1 e мулти-функционална алуминиумска специјална количка.
Изведбата на Gemini 1 овозможува различни можности за адаптација и прилагодување. Прилагодлив агол на седиштето (тилт), прилагодлив потпирач за грб, прилагодлива длабочина на седиштето, прилагодување на висината на потпирачот за грб, правецот на седиштето, (детето да е со поглед кон родителот). Количката има и потпирач за главата и абдукционен клин.
Цената се дефинира во зависност од големината на седиштето ↓
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren Gemini 2 e мулти-функционална алуминиумска специјална количка.
Изведбата на Gemini 2 овозможува различни можности за адаптација и прилагодување. Стандардна верзија е со сигурносен појас кој има пет растеретување, потпирач за главата и кочница на педала за придружникот.
Цената се дефинира во зависност од големината на седиштето ↓
Ottobock Kimba Neo е сепцијална невролошка количка.
Има голем број можности за прилагодување на нејзините димензии и се прилагодува на цена на возраст од една до десет години. Има современ дизајн и можност за голем број на опционални додатоци. Достапна е во две големини.
Коментари
Се уште нема коментари.