Карактеристики
- Ширина на седиштето 350 mm,
- Должина 1200 mm,
- Ширина 490 mm,
- Висина 920-1000 mm,
- Висина на потпирачот за грб 400 mm,
- Тежина од 21-23 kg,
- Максимална тежина на корисникот до 100 kg.
34.347,00 ден
3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа
3106DAB е инвалидска количка за лица со церебрална парализа.
3106DAB може целосно индивидуално да се прилагоди. Едноставна е за користење. Кога со експерт ќе се дефинира потребната положба на седење, со неколку едноставни потези се подесува седиштето и ремените.
Количката има алуминиумски рам, можност за наклонување на седиштето (тилт), преклопни потпирачи за нозе, демонтажни потпирачи за раце, подесливи потпирачи за тело, градни појаси, абдукционен клин и подеслив потпирач за главата. Количката има и рачни кочници за придружникот.
G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа.
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа
3106DAA e инвалидската количка за лица со церебрална парализа.
Едноставна е за користење и подесување. Има можност за наклонување на седиштето (тилт) и подесување на наклонот на потпирачот на грбот. Седиштето се подесува за секој корисник индивидуално. Кога со експерт ќе ја дефинирате положбата, со неколку едноставни потези се подесува седиштето вклучувајќи ги и ремените.
Има абдукционен клин, демонтажни и подесливи потпирачи за нозете, подеслив наслон за главата, подесливи страници за фиксација на торзото, демонтажни потпирачи за раце подесливи по висина, ремени за фиксација на телото.
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren – Gemini 1 e мулти-функционална алуминиумска специјална количка.
Изведбата на Gemini 1 овозможува различни можности за адаптација и прилагодување. Прилагодлив агол на седиштето (тилт), прилагодлив потпирач за грб, прилагодлива длабочина на седиштето, прилагодување на висината на потпирачот за грб, правецот на седиштето, (детето да е со поглед кон родителот). Количката има и потпирач за главата и абдукционен клин.
Цената се дефинира во зависност од големината на седиштето ↓
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren Gemini 2 e мулти-функционална алуминиумска специјална количка.
Изведбата на Gemini 2 овозможува различни можности за адаптација и прилагодување. Стандардна верзија е со сигурносен појас кој има пет растеретување, потпирач за главата и кочница на педала за придружникот.
Цената се дефинира во зависност од големината на седиштето ↓
Ottobock Kimba Neo е сепцијална невролошка количка.
Има голем број можности за прилагодување на нејзините димензии и се прилагодува на цена на возраст од една до десет години. Има современ дизајн и можност за голем број на опционални додатоци. Достапна е во две големини.
Akcesmed Ombrello е количка наменета за деца и возрасни со посебни потреби. Рамот е лесен и може да склопи како чадор и количката е лесна за транспорт. Бројните прилагодувања ја прават количката функционална. Седиштето (BodyPrint ™) има систем на ремени кои кога се подесуваат и даваат оптимално позиционирање и удобност дури и при долготрајно седење. Се прилагодува длабочината на седиштето и висината на потпирачот за грб. Седиштето има можност за наклонување од 30° заради поголема стабилност. Потпирачите за нозе се прилагодливи за секоја нога посебно и имаат стегачи за секое стапало посебно.
Количката е достапна во 4 големини, а последната големина е наменета за возрасни со тежина до 120 кг.
Коментари
Се уште нема коментари.