Специјална количка со индивидуално прилагодување – Aurora®
56.207,00 ден
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Akcesmed – Aurora® е количката за деца со церебрална парализа и деца со попреченост. Наменета е првенствено за најмладите. Со количката се олеснува грижата за децата и на родителите и на терапевтите. Количката има реверзибилното седиште. Благодарение на ова, детето има можност да ја набљудува околината (кога седиштето е свртено во насока на движењето), или да комуницира со старателот (родителот) кога седиштето е свртено на другата страна. Склопувањето на количката е брзо и лесно. Може да се менува аголот на седиштето (тилт), може да се подесува висината на потпирачот за главата, потпирачот на нозете и наклонот на потпирачот за грб. Се користат перничиња за подесување ширината на седиштето и подесливи потпирачи за странична стабилизација на торзото. Количката има и амортизери за удобност при возењето.
Карактеристики
- Ширина на седиштето 180-270 mm,
- Длабочина на седиштето 300 mm,
- Висина на потпирачот за грб 430-510 mm,
- Тежина 19 kg,
- Максимална тежина на корисникот до 40 kg.
Медицински индикации
• Инфантилна церебрална парализа – различни облици.
• Менингомиелоцела.
• Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок.
• Мускулни болести поврзани со пареза и парализа.
• Генетски заболувања поврзани со пареза.
• Други нарушувања поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем.
• По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот и ‘рбетниот мозок и повреда на долните екстремитети.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Related Products
-
Колички
Инвалидска количка за церебрална парализа – 3106DAA
34.347,00 ден3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа
3106DAA e инвалидската количка за лица со церебрална парализа.
Едноставна е за користење и подесување. Има можност за наклонување на седиштето (тилт) и подесување на наклонот на потпирачот на грбот. Седиштето се подесува за секој корисник индивидуално. Кога со експерт ќе ја дефинирате положбата, со неколку едноставни потези се подесува седиштето вклучувајќи ги и ремените.Има абдукционен клин, демонтажни и подесливи потпирачи за нозете, подеслив наслон за главата, подесливи страници за фиксација на торзото, демонтажни потпирачи за раце подесливи по висина, ремени за фиксација на телото.
-
Колички
Инвалидска количка за церебрална парализа – 3106DAB
34.347,00 ден3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа
3106DAB е инвалидска количка за лица со церебрална парализа.
3106DAB може целосно индивидуално да се прилагоди. Едноставна е за користење. Кога со експерт ќе се дефинира потребната положба на седење, со неколку едноставни потези се подесува седиштето и ремените.
Количката има алуминиумски рам, можност за наклонување на седиштето (тилт), преклопни потпирачи за нозе, демонтажни потпирачи за раце, подесливи потпирачи за тело, градни појаси, абдукционен клин и подеслив потпирач за главата. Количката има и рачни кочници за придружникот. -
Колички
Специјална количка Gemini 1 – Vermeiren
37.995,00 ден – 43.585,00 денОвој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren – Gemini 1 e мулти-функционална алуминиумска специјална количка.
Изведбата на Gemini 1 овозможува различни можности за адаптација и прилагодување. Прилагодлив агол на седиштето (тилт), прилагодлив потпирач за грб, прилагодлива длабочина на седиштето, прилагодување на висината на потпирачот за грб, правецот на седиштето, (детето да е со поглед кон родителот). Количката има и потпирач за главата и абдукционен клин.
Цената се дефинира во зависност од големината на седиштето ↓
-
Колички
Специјална количка Gemini 2 – Vermeiren
40.620,00 ден – 46.490,00 денОвој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren Gemini 2 e мулти-функционална алуминиумска специјална количка.
Изведбата на Gemini 2 овозможува различни можности за адаптација и прилагодување. Стандардна верзија е со сигурносен појас кој има пет растеретување, потпирач за главата и кочница на педала за придружникот.Цената се дефинира во зависност од големината на седиштето ↓
-
Колички
Специјална количка Kimba Neo – Ottobock
Ottobock Kimba Neo е сепцијална невролошка количка.
Има голем број можности за прилагодување на нејзините димензии и се прилагодува на цена на возраст од една до десет години. Има современ дизајн и можност за голем број на опционални додатоци. Достапна е во две големини.
Коментари
Се уште нема коментари.