Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

2105 во спој со 2506 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

  • Индивидуална ортоза која се изработува од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини, поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување;
  • Има лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ја ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени;
  • Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал;
  • Наменет за повреди или заболувања на `рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.

*При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:

-Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и

-Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.

 

ФЗОМ Медицински индикации 2105

B91 Секвели од полиомиелит;
G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и
сродни синдроми;
G24(G24.0-G24.2) Дистонија;
G35 Мултипла склероза;
G71.1 Миотонични заболувања;
G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална
парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
G83.1 Моноплегија на долен екстремитет;
G83.3 Моноплегија неозначено;
G83.9 Паралитичен синдром, неозначено;
М24.3 Патолошка дислокација и сублуксација на
зглоб, некласифицирана на друго место;
М24.5 Контрактура на зглоб;
М24.6 Анкилоза на зглоб;
М24.8 Други специфични оштетувања на зглоб,
некласифицирани на друго место;
М25.2 Расцепен зглоб;
М25.6 Вкочанетост на зглоб, некласифицирано на
друго место;
М62.3 Синдром на неподвижност (параплегичен);
М62.4 Контрактура на мускул;
М62.5 Мускулна слабост и атрофија, некласифици-
рано на друго место;
М84.0 Лошо сраснување на фрактура;
М84.1 Несраснување на фрактура (псевдоартроза);
М87.0 Идиопатска асептична некроза на коска;
М91.1 Јувенилна остеохондроза на главата на
фемурот;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна
болест;
Т93.2 Секвели од фрактури на долен екстремитет;
– Сите видови на млитава и спастична парализа;
– Контрактури;
Q05.7 Лумбална спина бифида без хидроцефалус.

ФЗОМ Медицински индикации 2506

G80.0 Спастична церебрална парализа;

G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
M40(M40.0-M40.5) Кифоза и лордоза;
M41(M41.0-M41.9) Сколиоза;
М43.1 Спондилолистеза;
М49.5 Колабиран пршлен – метастатска фрактура на пршлен (C79.5+);
Q67.5 Конгенитална деформација на рбет;
Q76.3 Конгенитална сколиоза поради конгенитална коскена малформација;
S22.0 Фрактура на торакален пршлен;
S22.1 Мултипли фрактури на торакалниот рбет;
S23(S23.0-S23.5) Дислокација, шинување и истегнување на зглобовите и лигаментите
на тораксот;
S32(S32.0-S32.8) Фрактура на лумбалниот рбет и карлицата;
T91.1 Секвели од фрактура на рбетот;
M43.1 Спондилолистеза;
Во лекување на кифози и сколиози во торако лумбо сакрален дел на ‘рбетник.

Препишува

  • Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед, физијатар или хирург.

Напомена

  • Овој производ се користи по препорака на лекар само за дадените индикации и не може да се комбинира со кој било друг производ.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет”
Shopping Cart