Лесна инвалидска количка – детска START M6 Junior

40.600,00 ден

3110 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 10.481 ден

  • OttoBock Start M6 Junior e лесна склоплива детска инвалидска количка.
  • Има едноставен механизам за склопување.
  • Рамката е изработена од алуминиум и има мали димензии кога е склопена.
  • Се прилагодува центарот за гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се одбива поголема стабилност или подвижност;
  • Сите делови се поврзани со завртки.

Технички податоци

  • Ширина на седиштето: 280–380mm,
  • Длабочина на седиштето: 310-370 mm,
  • Висина на потпирачот за грб: 300-375 mm,
  • Тежина: 13,5 kg,
  • Максимална тежина на корисникот: до 90 kg.

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4;G80.8;и G80.9) 
Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) 
Параплегија;
(G82.3;G82.4 и G82.5) 
Тетраплегија;
Z89.5 
Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 
Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 
Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 
Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 
Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави
протеза)

Критериуми

На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Лесна инвалидска количка – детска START M6 Junior”
Shopping Cart