Активна инвалидска количка Zenit

Шифра: 3110ZENIT Категории: , Ознака:

222.290,00 ден

3110 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 152.435 ден.

  • Ексклузивна количка со атрактивен изглед и врвни перформанси наменета за високо активни корисници;
  • Количката има облик и конструкција на количка со крута рамка, а може да се склопува благодрение на патентираниот систем Easy-Go;
  • Има минималистички дизајн, многу е лесна, функционална, погодна за транспорт и лесно се става во автомобил;
  • Количката индивидуално се конфигурира заедно со корисникот, со земање мерка и избор на компоненти според потребите и желбите на корисникот;
  • Има можност за голем избор на дополнителна опрема;
  • Патентиран систем на склопување Easy-Go.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 320-460 мм
  • Длабочина на седиште: 360-500 мм
  • Висина на седиште: 250-500 мм
  • Должина: 640-1040 мм
  • Ширина: 495-710 мм
  • Висина: 640-1040 мм
  • Тежина на количка: 8,9 кг
  • Максимална тежина на корисник: 120 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериум

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Активна инвалидска количка Zenit”
Shopping Cart