Активна инвалидска количка Avantgarde 4

Шифра: 3110OBAVG4 Категории: , Ознака:

161.110,00 ден

3110 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 91.255 ден.

  • Avantgarde 4 е склоплива активна инвалидска количка која има голем број на можности за индивидуално прилагодување, со цел да се олесни секојдневниот активен живот на корисникот;
  • Компактниот дизајн и конструкцијата на потпирачите за нозе, овозможуваат движење со количката секаде;
  • Avantgarde 4 импресионира со својата мала тежина и големина кога е склопена;
  • Подвижните потпирачи можат да се преклопуваат;
  • Avantgarde 4 има модуларен дизајн со голем број на различни подесувања на тркалата;
  • Кочницата е на ниво на коленото со што е лесна за ракување;
  • Задните тркала лесно се ослободуваат;
  • Потпирачите за нозе се подесуваат по висина.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 320-520 мм
  • Длабочина на седиште: 360-540 мм
  • Висина на седиште: 250-550 мм
  • Должина: 720-1080 мм
  • Ширина: 490-725 мм
  • Висина: 580-1100 мм
  • Тежина на количка: 9,7 кг
  • Максимална тежина на корисник: 140 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериум

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Активна инвалидска количка Avantgarde 4”
Shopping Cart