Специјална количка со индивидуално прилагодување – HIPPO+

56.485,00 ден58.871,00 ден

3106 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 22.138 – 24.524 ден.

Akcesmed – Hippo+™  е специјалната невролошка количка.

Kоличката е наменета за секојдневно користење. Има голем број на можности за соодветно позиционирање на седењето на детето.
Лесно се склопува и има торба за чување предмети. Количката има реверзибилно седиште за да детето има можност да ја набљудува околината (кога седиштето е свртено во насока на движењето), или да комуницира со старателот (родителот) кога седиштето е свртено на другата страна.

Стандардно е опремена со ротирачки предни PU тркала, кровна покривка и покривка за нозете кои штитат од ветар, дожд и сонце. Има и амортизери зарамномерно и мирно возење и по нерамен пат. Седиштето е опремено со 5 точковен сигурносен појас.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 200*310/340 mm,
  • Длабочина на седиштето 280/320 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 440-540/550-640 mm,
  • Тежина  19,5/22 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 25/35 kg.

Медицински индикации

• Инфантилна церебрална парализа – различни облици.
• Менингомиелоцела.
• Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок.
• Мускулни болести поврзани со пареза и парализа.
• Генетски заболувања поврзани со пареза.
• Други нарушувања поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем.
• По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот и ‘рбетниот мозок и повреда на долните екстремитети.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Специјална количка со индивидуално прилагодување – HIPPO+”
Shopping Cart