Специјална количка со индивидуално прилагодување – HIPPO+

56.485,00 ден58.871,00 ден

3106 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 22.138 – 24.524 ден.

  • Невролошка количка HIPPO+ е опремена со сите потребни додатоци за секојдневно користење и позиционирање на детето;
  • Количката има предни ротирачки тркала што овозможуваат полесно движење, тенда и прекривка која го штити детето од сонце, дожд и ветар;
  • Амортизерите на количката ги намалуваат вибрациите при движење по нерамен пат;
  • Има ротирачко седиште и голем број додатоци кои го држат детето во правилна позиција;
  • Од опрема има ремен со 5 нивоа за подесување, потпирач за глава, странични пелоти, клин за абдукција, торба за пелени, зимска прекривка, прекривка за дожд, држач за раце и склоплива тенда.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 310-340 мм
  • Длабочина на седиште: 250-300 мм
  • Висина на седиште: 440-640 мм
  • Должина: 1180-1200 мм
  • Ширина:640-670 мм
  • Висина: 1050-1130 мм
  • Тежина на количка: 5-22 кг
  • Максимална тежина на корисник: 25-35 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОМ медицински индикации

G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Специјална количка со индивидуално прилагодување – HIPPO+”
Shopping Cart