-
Индивидуални производи
Ортопедски чевли за дијабетично стапало од стреч
Чевлите се изработуваат индивидуално по мерка на корисникот. Горниот дел е од мек еластичен материјал без шевови и вградени елементи кои би можеле да предизвикаат локални иритации на кожата од стапалото. Влошката под стапалата е мека, изработена од меки материјали кои се користат во ортотика и протетика со цел да се зголеми удобноста при носење на чевлите.
-
Индивидуални производи
Чевли отворен фудбалски тип за протези
4112 | Чевли отворен фудбалски тип за протези
Чевлите се индивидуално изработени. Индицирани се за корисници со натколени или потколени протези.
-
Индивидуални производи
Специјални ортопедски чевли по гипсан модел
4109 | Специјални ортопедски чевли по гипсан модел за специфични деформитети
Чевлите се изработени по индивидуален отисок на корисникот. Со нив се компензираат сите видови деформитети на стапалата со што се добива растоварување на стапалата или саканата корекција на деформитетот.
Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка во зависност од состојбата на стапалата.
-
Индивидуални производи
Ортопедски чевли кај парцијални ампутации
4111 | Ортопедски чевли кај парцијални ампутации со надградување на ампутацијата
Овие чевли се изработени од телешка кожа, индивидуално за корисници кај кои од разни причини има недостаток на палец или дел од предниот дел на стапалото.
-
Индивидуални производи
Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см
4113 | Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см
Овие чевли се изработуваат индивидуално кај корисници кај кои има разлика во должината на екстремитетите од било која причина. Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од рбетот.
Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка. -
Индивидуални производи
Чевли кај скратување на екстремитети од 1-6 см
Чевли кај скратување на екстремитетите
Овие чевли се изработуваат од природна говедска кожа, индивидуално кај корисници кај кои има разлика во должината на екстремитетите од било која причина. Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од рбетот.
Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка.Цената се дефинира во зависност од висината на скратувањето.
-
Индивидуални производи
Чевли со вградена узенгија за едно стапало
4107 | Чевли со вградена узенгија за едно стапало
Чевлите се индицирани за корисници кои користат натколени или потколени ортози на една нога.
-
Индивидуални производи
Чевли со вградена узенгија за две стапала
4108 | Чевли со вградена узенгија за две стапала
Чевлите се индицирани за корисници кои користат натколени или потколени ортози на двете нозе.