-
'Рбет
Минерва корсет – Tранспортна
4.300,00 ден- Минерва корсетот спречува флексија, екстензија и ротација на вратен и граден дел на`рбетен столб;
- Прави имобилизација на главата во одредена исправена положба, како и имобилизација и во лежечка положба;
- Растеретувањето и фиксирањето е преку долниот дел од вилицата и задниот дел од главата;
- Изработен е од пластика обложена со полиетиленска пена што го прави пријатен за носење;
- Составен е од два дела кои меѓу себе се поврзани со лепливи ленти.
-
'Рбет
Минерва корсет
4.790,00 ден- Минерва корсетот спречува флексија, екстензија и ротација на вратен и граден дел на ‘рбетен столб;
- Прави имобилизација на главата во одредена исправена положба, како и имобилизација и во лежечка положба;
- Растеретувањето и фиксирањето е преку долниот дел од вилицата и задниот дел од главата;
- Изработен е од пластика обложена со полиетиленска пена што го прави пријатен за носење;
- Составен е од два дела кои меѓу себе се поврзани со лепливи траки.
-
'Рбет
Милвоки мидер
- Милвоки корсетот (Цервико-торако-лумбо-сакрална ортоза или CTLSO), е активна корективна спинална ортоза за ‘рбет која обично се користи во третманот на ‘рбетни искривувања кај деца;
- Ортозата најчесто се препишува за деца со постурално нарушување, кои не завршиле со својот раст или кои се во период на брз раст;
- Не се користи за возрасни или адолесценти кои веќе го завршиле растот, бидејќи нема да има ефект;
- Поради ефикасноста и релативната прифатливост на денешните помодерни ортози, денес Милвоки ортозата се користи поретко;
- Сепак, сè уште се препорачува за третман на деформитети повисоко во торакалниот или цервикалниот ‘рбет;
- Ортозата се изработува по индивидуална мерка на корисникот;
- Се состои од прстен околу вратот со налегнување под вилицата и две окципитални влошки на задниот дел од главата за да се избегне висок притисок во пределот на вратот, пластичен карличен појас, алуминиумски шини напред и назад и кожни торакални перничиња;
- За постигнување на ефект при лекувањето се препорачува да се носи 23 часa на ден;
- Неопходна е редовна контрола од лекар.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен ТИП ТЛСО
9.056,00 ден2506 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен ТИП ТЛСО
- Овој корсет за кифоза или сколиоза овозможува поддршка и растеретување на тораколумбалниот дел на ‘рбетниот столб и ја намалува болката;
- Изработен е од термопластика обложен со антиалергиски материјал и траки за прицврстување и индивидуално прилагодување;
- Може термички да се обликува и да се прилагоди спрема индивидуалните потреби.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен ТИП ТЛСО
9.056,00 ден2506 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен ТИП ТЛСО
- Корсетот тип ТЛСО прави растеретување и стабилизација во торакален и лумбален дел на ‘рбетениот столб кај компресивни скршеници;
- Со алуминиумската конструкција ја ограничува латералната флексија;
- Изработен е од алуминиум обложен со мек и пријатен материјал.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
2506 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
- Корсетот тип ТЛСО се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.
- ТЛСО е грбна ортоза за корекција на деформитети и е изработена од термопластичен материјал.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ШЕНО
2505 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ШЕНО
- Корсетот тип ШЕНО се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.
- Шено е грбна ортоза за корекција на деформитети и е изработена од термопластичен материјал.
-
Индивидуални производи
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ЦБВ
2504 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ЦБВ
- Грбна ортоза за корекција на деформитети, изработена од термопластичен материјал.
- ЦБВ корсетот се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.