Agilium Reactive e цврста ортоза за колено наменета за растеретување и стабилизација на коленото, посебно наменета за пациенти со varus или valgus на колено;
Пациентите со varus деформитет (нозе во форма на лак или ,,О“ нозе) најмногу страдаат од болка во внтрешноста на коленото, додека valgus деформитет (допирање на колената или „ X“ нозе) често доведува до симптоми во надворешната страна на коленото;
Со својот механизам за растеретување поставен блиску до зглобот, оваа ортоза овозможува ослободување на зглобот на коленото;
Принципот на олеснување на притисокот од 3 точки го држи зглобот во коректна позиција, спречувајќи ногата да се помрдне на страна: притисокот на болната страна на зглобот е намален;
Со секој чекор се зголемува мобилноста и активноста на пациентот;
Ортозата е изработена од лесна алуминиумска рамка, која овозможува удобно носење и под облека.
Меките делови на ортозата се изработени од нелизгачки материјал;
Операцијата е неизбежна при повреда на лигаментите на коленото, како што е кинење на преден вкрстен лигамент;
Ортозата Genu Arexa оптимално ја поддржува секоја фаза од процесот на лекување по операцијата како и при конзервативен третман без операција;
Овозможува рана мобилност по операција;
Изработена од лесна и издржлива алуминиумска легура, што ја прави безбедна за носење;
Оваа ортоза не само што ги спречува несаканите движења, туку ја враќа довербата и безбедноста во мобилноста;
Овозможува контролиран премин од првите чекори по операцијата до целосно оптоварување на коленото;
Ортозата може да се носи при спиење како и за време на вежби при физиотерапија;
Обезбедува странична и медијална стабилност на коленото;
Лекарите, терапевтите и пациентите ја прифатија Genu Arexa ортозата затоа што е едноставна за поставување, совршено се адаптира на ногата на корисникот и се прилагодува без користење на алат.