• Индивидуални производи

    Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

    2105 во спој со 2506 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

    • Индивидуална ортоза која се изработува од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини, поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување;
    • Има лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ја ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени;
    • Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал;
    • Наменет за повреди или заболувања на `рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.

    *При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:

    -Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и

    -Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.

     

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен апарат со зглоб во колк зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

    2103 | Натколен апарат со зглоб во колк, зглоб во колено, со узенгија вградена во чевел

    • Индивидуална ортоза изработена од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на нозете, споени со модуларни ортотички зглобови за колк и колено;
    • Се изведува со лумбален корсет или појас поради спојот со зглобот за колк;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, зглобовите на колкот и коленото може да се со кочница или слободни;
    • Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
    • За поголема удобност, ортозата е обложена е со филц и природна кожа. Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.

    * Се изработува во спој со ортопедски чевли:

    – ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и

    – ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.

    Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

     

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

    2101 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

    • Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да бидат челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
    • Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
    • За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.

    * Се изработува во спој со ортопедски чевли:

    – ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и

    – ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.

    Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен апарат со слободен или закочен коленски зглоб со метална сандала

    2102 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб коленски зглоб сo метална сандала

    • Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
    • Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со металната сандала која го опфаќа стапалото, преку која се облекува чевел изработен по мерка;
    • За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Гумено едноосовинско стапало – 1H40

    Едноосовинското стапало 1H40 има природен облик со мазна површина и формирани прсти. Стапалото со своите својства е погоднo за корисници со низок и среден степен на активност (1-2) и со телесна тежина на корисникот до 100 кг. Стапалото овозможува на корисникот брзо да постигне сигурност во стоењето и одот. Тие се особено погодни за корисници со трансфеморална ампутација.

    1H40 стапалото е достапно во големини од 22 до 29 сантиметри.

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Гумено стапало SACH – 1S90

    1S90 стапалото со своите својства е погоднo за корисници со низок исреден степен на активност (1-2) и со телесна тежина на корисникот до 125 кг.
    Функционалните својства се постигнуваат преку комбинација на профилирано дрвено јадро и гумена (функционална пена) обвивка. Има стандардна форма на стапало со природен изглед, мазна површина, обликувани прсти и палец. Има висина на пета од 10 +/- 5 mm.
    SACH стапалото е наменето за употреба во модуларни и егзоскелетни протези.

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Динамично стапало – 1D10

    Динамичното стапало 1D10 наликува на природната форма на стапалото со мазна површина, обликувани прсти и ножен палец.
    Функционалните карактеристики се постигнуваат преку докажаната комбинација на контурно јадро и гумена (функционална пена)обвивка. Ова резултира со удобен удар на петата и помек премин на фазите (нишање/потпирање) отколку кај SACH стапалото. Обвивката има подобрени динамички карактеристики. 1D10 се испорачува заедно со титаниумски модуларен адаптер.

    1D10 стапалото е достапно во големини од 22 до 30 сантиметри.

     

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Карбонско динамично стапало ASYA

    Во домот и надвор карбонското стапало ASYA нуди стабилност и сигурен контакт со подлогата за корисници со степен на активност 3 и 4 и тежина до 150кг.
    Стапалото се препорачува за активности дома, на работа, за пешачење и при рекреативно спортување. Конструкцијата на петата овозможува извршување на активностите со помала потрошувачка на енергија со што се намалува потрошувачката на енергија во одењето.

    Опсег на големина: 22 см-29 см.

    Додај во кошничка
Shopping Cart