-
Колк
Неопренска ортоза за колк
3.382,00 ден- Ортоза за поддршка и заштита на меките ткива околу колкот;
- Има пластична шина поставена странично на колкот;
- Изработена е од двојно ламиниран прозрачен неопрен кој дава топлина и овозможува воздухот слободно да циркулира.
-
Колк
Абдукциона колк ортоза
20.360,00 ден- Aбдукциона колк ортоза овозможува заштита и стабилизација по операциja на колкот како и при луксација и дислокација;
- Го стабилизира колкот и спречува ротација и дислокација;
- Има степенест регулатор (до 120 степени) за ограничување на движењето;
- Изработен е од пластичен материјал обложен со мека и удобна сунѓереста постава и метална шина со можност за индивидуално подесување.
-
Индивидуални производи
Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
2105 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза која се изработува по отисок од пациентот;
- Се изработува од полипропилен, странично засилена со метални шини од алуминиумска легура;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот, ортозата сo коленските зглобови може да се изработи со кочница или слободно;
- Доколку е потребна поддршка на лумбалниот дел, се изработува во спој со пластичен корсет и зглоб во делот на колкот;
- Поради материјалите кои се вградуваат се одликува со помала тежина;
- За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага со што одржување на хигиената е подобрено;
- Можe да се изработи ламиниран со карбонски влакна со што ортозата станува уште полесна и поцврста.
-
Индивидуални производи
Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза изработена од полиетилен по отисок на пациентот;
- Ортозата овозможува позиционирање на ногата во барана положба за спречување на несакани движења;
- Превенира формирање на контрактури особено при спиење;
- За подобра удобност обложена е со мек сунѓерест материјали кој не прима пот и влага;
- Лесно се поставува и отстранува благодарение на лепливите ленти, што ја прави лесна за одржување на хигиената.
-
Индивидуални производи
Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет
2105 во спој со 2506 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет
- Индивидуална ортоза која се изработува од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини, поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување;
- Има лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ја ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени;
- Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал;
- Наменет за повреди или заболувања на `рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.
*При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:
-Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и
-Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.
-
Индивидуални производи
Натколен апарат со зглоб во колк зглоб во колено со узенгија вградена во чевел
2103 | Натколен апарат со зглоб во колк, зглоб во колено, со узенгија вградена во чевел
- Индивидуална ортоза изработена од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на нозете, споени со модуларни ортотички зглобови за колк и колено;
- Се изведува со лумбален корсет или појас поради спојот со зглобот за колк;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, зглобовите на колкот и коленото може да се со кочница или слободни;
- Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
- За поголема удобност, ортозата е обложена е со филц и природна кожа. Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.
-
Индивидуални производи
Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел
2101 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел
- Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да бидат челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
- Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
- За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.
-
Индивидуални производи
Натколен апарат со слободен или закочен коленски зглоб со метална сандала
2102 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб коленски зглоб сo метална сандала
- Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
- Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со металната сандала која го опфаќа стапалото, преку која се облекува чевел изработен по мерка;
- За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.