-
Појаси и мидери
Појас за двострана препонска кила
1.201,00 ден7405 | Појас за двострана препонска кила
- Појас за двострана препонска кила, со додаток во форма на перниче кој се поставува на хернијата и врши благ притисок на килата;
- Со неговото носење се намалува можноста за вклештување на кила при напнување, кашлање или тешка физичка работа.
- Поставувањето е едноставно со помош на лепливи ленти;
- Може да се носи пред операција како поддршка и после операција како превенција;
-
Детски ортози
Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб – Детски
7.919,00 ден2401 | Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб
Партиципација: 10%
- Корективeн апарат кој се користи при конзервативен третман на дислокации на зглобот на лактот, во процесот на рехабилитација при контрактури, при третман кај скршеници на латералниот или медијалниот епикондил, постоперативна имобилизација;
- Овозможува контролирано движење во лакотниот зглоб со помош на степенест регулатор.
-
Индивидуални производи
Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
2402 | Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
Партиципација: 10%
- Индивидуална ортоза која се користи за стабилизација и заштита на зглобот на рамото при дислокации на рамото, фиксации после операција и третман со гипс кај фрактури на горниот дел на хумерусот;
- Ортозата е изработена од термопластичен материјали со дебелина зависно од потребата на пациентот;
- Обликот и димензиите се изработуваат по индивидуален отисок на пациентот, со што се овозможува дозиран притисок точно во регијата каде што е потребно за попрецизно фиксирање во споредба на сериските ортози од овој тип.
-
Надлакотни ортози
Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
6.229,00 ден2402 | Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
Партиципација: 10%
- Ортоза од пластична маса, се препорачува при скршеници и повреди на надлактица и рамо;
- Изработена е од пластична маса за цврста потпора и мек внатрешен дел за поголема удобност;
- Прави фиксација и имобилизација на надлактицата при што ја намалува болката.
-
Подлакотни ортози
Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса
4.253,00 ден2403 | Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса
- Пасивна подлакотна ортоза која oвозможува имобилизација на рачниот зглоб и превенира улнарна и радијална ротација и несакани движења;
- Изработена е од пластика со мек внатрешен дел и дополнителни ленти за индивидуално прилагодување и за поголема стабилност;
- Овозможува релаксирачка позиција на рачниот зглоб во дорзифлексија под агол од 30 степени.
-
Подлакотни ортози
Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса со прсти
4.253,00 ден2403 | Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса
- Пасивна подлакотна ортоза за имобилизација на рачниот зглоб и превенција од улнарна и радијална ротација и несакани движења.
- Изработена е од пластика со мек внатрешен дел и дополнителни траки за индивидуално прилагодување како и поголема стабилност.
- Овозможува релаксирачка позиција на рачниот
- зглоб во дорзифлексија под агол од 30 степени.
-
Индивидуални производи
Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса
2403 | Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса
Пасивната подлакотна ортоза е изработена од полиетилен и ги опфаќа подлактицата и дланката. Предноста на индивидуалната ортоза е во тоа што се изработува по индивидуален отисок на пациентот и се обликува според неговите потреби. Опфатот на шаката и прстите , позицијата на зглобот за шаката, притисокот и поддршка на одредени мускули, ограничувањата на движењата, дебелината на материјалот и поставеноста на лепливите ленти е индивидуализирано според индикациите и потребите на корисникот.Овие ортози се соодветни за лица со: Остеоартритис, Карпал тунел и при флакцидно паѓање на шаката. Изработена е од полиетилен. Лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата заради одмор и одржување на хигиена.
-
Колички
Инвалидска количка за церебрална парализа – 3106DAB
34.347,00 ден3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа
Партиципација: 0%
- Инвалидска количка за лица со церебрална парализа со алуминиумски рам;
- Количката има специјален дизајн со странични перничиња кај колковите и градниот дел со цел корисникот да се чувствува безбедно, стабилно и удобно;
- Друга важна карактеристика на количката е што наслонот може да се постави хоризонтално што му овозможува на корисникот да биде во лежечка положба;
- Количката има перничиња за глава и заштитни ремени кои даваат дополнителна безбедност на лицата со церебрална парализа;
- Наслонот за нозе се подесува по висина;
- Потпирачот за раце се отстранува.