-
Колички
Стандардна лесна инвалидска количка – D200
30.119,00 ден3109 | Стандардна лесна инвалидска количка
Партиципација: 0%
- Склоплива мултифункционална количка, изработена од алуминиум со голем број на можности за прилагодување според потребите на корисникот;
- Потпирачите за раце се прилагодуваат по висина и длабочина и се отстрануваат;
- Се подесува аголот и висината на потпирачите за нозе, со можност за отстранување на истите;
- Задните тркала лесно се отстрануваат без алат;
- Висината на седење се прилагодува во три позиции;
- Има балансер прoтив превртување.
-
Колички
Лесна инвалидска количка – V200
30.119,00 ден3109 | Стандардна лесна инвалидска количка
Партиципација: 0%
- Склоплива лесна инвалидска количка со можност за персонализација според потребите на корисникот;
- Изработена од алуминиум;
- Потпирачите за нозе се подесуваат по висина, ротираат и отстрануваат;
- Задните тркала се отстрануваат лесно без алат;
- Алуминиумски кочници;
- Длабочината на седиштето се подесува во две позиции;
- Висината на седиштето се подесува во четири позиции;
- Аголот на седиштето се подесува во пет позиции;
- Висината и длабочината на потпирачите за раце се подесуваат во три позиции;
- Балансер против превртување.
-
Колички
Лесна инвалидска количка – V300
30.119,00 ден3109 | Стандардна лесна инвалидска количка
Партиципација: 0%
- Склоплива количка за трајно користење со можност за индивидуално подесување;
- Изработена од алуминиум;
- Има ротирачки потпирачи за нозе, кои се подесуваат по висина и се отстрануваат;
- Потпирачите за раце се подесуваат во висина, длабочина и се отстрануваат;
- Вграден џеб за мобилен телефон под седиштето;
- Можност за поставување на тркалото на три различни позиции, за да се прилагоди центарот на гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се одбива поголема стабилност или подвижност;
- Задните тркала лесно се демонтираат без алат;
- Балансер против превртување.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Детски
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
- Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб, со што се овозможува оптимална контрола на скочниот зглоб и стапалото;
- На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото;
- Дава добра поддршка при нестабилност кај валгус или варус (навалување на глуждот);
- За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото;
- Се изработува по индивидуален отисок.
-
Детски ортози
Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
2605 | Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
- Ортоза која ја подобрува стабилноста на колкот со поддршка и позиционирање на колковите во оптимална позиција бидејќи овозможува контролиран опсег на движење;
- Топчестите зглобови на натколениците и страничните зглобови на колкот овозможуваат контролирани движења;
- Mоже да се користи пост-оперативно за одржување на корегираната хируршка положба или за обезбедување максималната функција на пациентот за време на секојдневниот живот;
- Подобреното налегнување на колкот поттикнува правилно обликување на ацетабуларниот и феморалниот дел и ја намалува можноста за сублуксација и дислокација.
-
Индивидуални производи
Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
2105 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза која се изработува по отисок од пациентот;
- Се изработува од полипропилен, странично засилена со метални шини од алуминиумска легура;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот, ортозата сo коленските зглобови може да се изработи со кочница или слободно;
- Доколку е потребна поддршка на лумбалниот дел, се изработува во спој со пластичен корсет и зглоб во делот на колкот;
- Поради материјалите кои се вградуваат се одликува со помала тежина;
- За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага со што одржување на хигиената е подобрено;
- Можe да се изработи ламиниран со карбонски влакна со што ортозата станува уште полесна и поцврста.
-
Детски ортози
Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус
2607 | Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено
- Ортозата се користи за корекција на Валгус или Варус деформитет на колената;
- Делува со страничен притисок на коленскиот зглоб кај децата во раст од страната каде е потребно зависно дали се работи за О или Х нозе;
- Изработена е од метална шина со пластична пелота за потпора на натколеницата и пластична лонгета за стапалото кои се користат како потпорни точки;
- Има бандажирано перниче за коленото преку кое се врши притисок на коленото.
-
Индивидуални производи
Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза изработена од полиетилен по отисок на пациентот;
- Ортозата овозможува позиционирање на ногата во барана положба за спречување на несакани движења;
- Превенира формирање на контрактури особено при спиење;
- За подобра удобност обложена е со мек сунѓерест материјали кој не прима пот и влага;
- Лесно се поставува и отстранува благодарение на лепливите ленти, што ја прави лесна за одржување на хигиената.