-
Детски ортози
Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус
2607 | Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено
- Ортозата се користи за корекција на Валгус или Варус деформитет на колената;
- Делува со страничен притисок на коленскиот зглоб кај децата во раст од страната каде е потребно зависно дали се работи за О или Х нозе;
- Изработена е од метална шина со пластична пелота за потпора на натколеницата и пластична лонгета за стапалото кои се користат како потпорни точки;
- Има бандажирано перниче за коленото преку кое се врши притисок на коленото.
-
Детски ортози
Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза изработена од полиетилен по отисок на пациентот;
- Ортозата овозможува позиционирање на ногата во барана положба за спречување на несакани движења;
- Превенира формирање на контрактури особено при спиење;
- За подобра удобност обложена е со мек сунѓерест материјали кој не прима пот и влага;
- Лесно се поставува и отстранува благодарение на лепливите ленти, што ја прави лесна за одржување на хигиената.
-
Детски ортози
Твистеров апарат за корекција на абдукција и аддукција
2606 | Твистеров апарат за корекција на абдукција аддукција на долните екстремитети
- Твистеровиот ортопедски апарат се состои од карличен појас, црева за деротатори со челична деротациона сајла и приклучоци за чевлите што овозможува корекција на ротација на стопалата при движење и растење на корисникот;
- Го корегира дебалансот меѓу внатрешните мускули за ротација на колкот и мускулите на феморалниот врат.
- При користење на ортозата движењето на корисникот е слободно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.