Специјална количка со индивидуално прилагодување – ULISES EVO™

73.290,00 ден87.512,00 ден

3106 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 38.943 – 53.165 ден.

 

  • Невролошка количка ULISES EVO™ наменета за секојдневна рехабилитација на деца со дисфункција во локомоторниот систем;
  • Количката има прилагодлива длабочина на седиштето и можност за подесување на потпирачот за грб;
  • Лесно се склопува и не зафаќа многу простор што ја прави практична за транспорт во автомобили со помал багаж;
  • Количката има можност за дополнителна опрема со цел да се прилагоди на индивидуалните потреби на корисникот;
  • Има кочници на задни тркала,ремен за прицврстување на стапалата и прилагодлив потпирал на седиштето;
  • Потпирачот за нозе се прилагодува по висината и агол;
  • Достапна во 5 големини.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 310-370 мм
  • Длабочина на седиште: 220-450 мм
  • Висина на седиште: 460-620 мм
  • Должина: 940-1270 мм
  • Ширина: 570-630 мм
  • Висина: 1020 мм
  • Тежина на количка: 18-21.5 кг
  • Максимална тежина на корисник: 55-75 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОМ медицински индикации

G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Специјална количка со индивидуално прилагодување – ULISES EVO™”
Shopping Cart