Инвалидска количка за церебрална парализа – 3106DAB

34.347,00 ден

3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа

Партиципација: 0%

  • Инвалидска количка за лица со церебрална парализа со алуминиумски рам;
  • Количката има специјален дизајн со странични перничиња кај колковите и градниот дел со цел корисникот да се чувствува безбедно, стабилно и удобно;
  • Друга важна карактеристика на количката е што наслонот може да се постави хоризонтално што му овозможува на корисникот да биде во лежечка положба;
  • Количката има перничиња за глава и заштитни ремени кои даваат дополнителна безбедност на лицата со церебрална парализа;
  • Наслонот за нозе се подесува по висина;
  • Потпирачот за раце се отстранува.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 350 мм
  • Длабочина на седиште: 390 мм
  • Висина на седиште: 400 мм
  • Ширина: 640 мм
  • Висина: 920-1000 мм
  • Тежина на количка: 21-23 кг
  • Максимална тежина на корисник: 100 кг

Медицински индикации

G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Инвалидска количка за церебрална парализа – 3106DAB”
Shopping Cart