Специјална количка со индивидуално прилагодување – RACER EVO®

97.158,00 ден120.230,00 ден

3106 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 62.811 – 85.883 ден.

  • Невролошка количка RACER EVO® дизајнирана за рехабилитација во домот како и за долги прошетки надвор;
  • Количката има додатоци за позиционирање на деето и е лесна за склопување и транспорт;
  • Склоплива и лесна за транспорт;
  • Предните тркала може да ротираат за полесно управување и да се фиксираат што ја прави количката полесна за движење по нерамни површини;
  • Има амортизери на задните тркала за поголема удобност на нерамни површини;
  • Наслонот за грб се прилагодува според потребите на корисникот;
  • Количката е достапна во 4 големини.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 350-450 мм
  • Длабочина на седиште: 330-470 мм
  • Висина на седиште: 620-820 мм
  • Должина: 1050 мм
  • Ширина: 640-740 мм
  • Висина: 1010-1180 мм
  • Тежина на количка: 22-28,6 кг
  • Максимална тежина на корисник: 35-90 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОМ медицински индикации

G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Специјална количка со индивидуално прилагодување – RACER EVO®”
Shopping Cart