-
Индивидуални производи
Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
2303 | Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
Оваа механичка ортоза се изработува по индивидуална мерка , од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата. Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја превзема улогата на скочниот зглоб. За подобра удобност обложена е со филц, и природна кожа. Помага кај паднато стопало независно од која причина. Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна.
Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно. -
Индивидуални производи
Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
Оваа механичка ортоза се изработува по индивидуална мерка од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата.
Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна. Помага кај паднато стопало независно од која причина. Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со метална сандала која го опфаќа стапалото и преку која се облекува чевел изработен по мерка. За подобра удобност обложена е со филц, и природна кожа.
Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.