Инвалидска количка за церебрална парализа – TATALU™

54.473,00 ден

3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа

На товар на ФЗОРСМ со доплата на разлика во ценa.

  • Нова верзија на количка со лесна и издржлива конструкција, која лесно се склопува (како чадот) што ја прави практична за транспорт и зафаќа малку простор;
  • Има голем број прилагодувања за поголема удобност на корисникот и старателот;
  • Обложена е со огноотпорен тапацир кој ги покрива страните на количката за да обезбеди заштита на корисникот;
  • Прилагодлив пет точковен сигурносен појас;
  • Прилагодлива висина на потпирачот за глава и нозе;
  • Зголемената удобност се должи на независниот, засилен систем за апсорпција на удари;
  • Предните тркала се вртливи, со што се обезбедува подобро маневрирање на количката

Технички податоци

  • Ширина на седиште: 320-380 мм
  • Длабочина на седиште: 220-300 мм
  • Должина: 900-1000 мм
  • Ширина: 620 мм
  • Висина: 1040 мм
  • Тежина на количка: 13 кг
  • Максимална тежина на корисник: 50 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети

ФЗОМ медицински индикации:

G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Инвалидска количка за церебрална парализа – TATALU™”
Shopping Cart