Инвалидска количка за церебрална парализа – HARMONY™

78.518,00 ден

3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа

На товар на ФЗОРСМ со доплата на разлика во ценa.

  • HARMONY™ е количка наменета за деца со мускулно-скелетни дисфункции;
  • Има модерен дизајни и ги содржи најважните карактеристики на терапевтска инвалидска количка;
  • Количката е безбедна, стабилна и во исто време многу удобна;
  • Потпирачот за грб се прилагодува по должина, седиштето и потпирачот за нозе се прилагодуваат на висината на детето;
  • Пелотите на главата, заедно со пелотите на торзото и колкот, даваат поддршка на телото на корисникот обезбедувајќи странична стабилизација;
  • Удобното мултифункционално седиште има опција да се врти напред – назад. Ова му дава можност на детето да седи свртено напред додека ја набљудува околината или наназад да има контакт со старателот;
  • Има опција за прилагодување на аголот на навалување на целото седиште;
  • Има можност за избор на два режима на движење: град, за возење по рамен пат и комфорт, за возење на тежок, нерамен терен;
  • Предните вртливи тркала може да се заклучат што дополнително помагаат во маневрирањето на количката во тесни простори;
  • Достапна во една универзална големина;
  • Дизајниран е за најмладите корисници со висина до околу 120 cm.

Технички податоци

  • Висина на корисник: 1000 – 1200 мм
  • Ширина на седиште (без пелоти за колкови): 340 мм
  • Ширина на седиште помеѓу пелоти: 170-300 мм
  • Длабочина на седиште: 300-350 мм
  • Висина на седиште: 570 мм
  • Висина на потпирач за грб: 540-600 мм
  • Тежина на количка: 21 кг
  • Максимална тежина на корисник: 40 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОМ медицински индикации:

G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Инвалидска количка за церебрална парализа – HARMONY™”
Shopping Cart