-
Потколени ортози
Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала – Ахилова чизма
4.410,00 ден2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
- Ортоза со скочен зглоб и метална сандала која се користи за конзервативен и постоперативен третман на фрактури на потколеница, за постоперативен третман на лигаменти на скочен зглоб, меки ткива и тетиви, за третман кај хронична нестабилност на лигаментите и дислокација на перонеална тетива, за продолжено лекување на talus calcaneus, за рана функционална терапија по конзервативен или хируршки третман на руптура на Ахилова тетива;
- Ортозата има комплет составен од 3 подигнувачи на пета кои обезбедуваат фиксен агол на флексија на скочниот зглоб и овозможува растеретување на Ахиловата тетива;
- Секој подигнувач овозможува имобилизација под агол од 12,5 степени;
- Внатрешноста е обложена со фротир за поголема удобност;
- Лесен е за употреба и има димензии што го опфаќаат секој глужд.
-
Потколени ортози
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Редерсман
7.922,00 ден2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб
- Корективен апарат Редерсман кој овозможува рана мобилизација со прилагодување на степенот на дорзифлексија и плантарна флексија на позицијата на глуждот;
- Се користи за пост-оперативна стабилизација при повреди на тетивите, лигаментите и меките ткива.
- Кај хронична нестабилност на лигаментите, нестабилни фрактури на дисталната тибија и фибула, фрактури на фибула кои се решени со импланти;
- Делумната подвижност на глуждот која е контролирана овозможува рана функционална мобилизација;
- Специјално дизајнираниот ѓон овозможува физиолошко одење. Во внатрешноста ортозата е обложена со сунѓер и текстил за поголема удобност.
-
Потколени ортози
Ахилова чизма со воздух – Malleo Immobil Air Walker
6.600,00 ден2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
Доплата: 2.190 ден.
- Malleo Immobil Air Walker е ортоза која се користи за конзервативно и постоперативно лекување на повреди во пределот на стапалото искочниот зглоб;
- Лесно се аплицира со лепливи ленти и одговара за лева и десна нога. Заоблениот дел за газење овозможува физиолошко одење со ортозата;
- Влошките во ортозата ја подобруваат удобноста;
- Интегрираната воздушна пумпа овозможува подобро налегнување и стабилност на стаалото;
- Со сетот од клинови кои се вметнуваат под петата се добива бараната флексија на скочниот зглоб при руптура на Ахилова тетива.
-
Ортози
Антиротациона ортоза
2.584,00 ден- Oртоза за деформитети на стапало која обезбедува одмор, физиолошка позиција на стапалото по операција на коските или меките ткива на стапалото или глуждот, во случаи на хемиплегија, параплегија и повреда на периферни нерви, после операции на Ахиловата тетива, како и после фрактури на глуждот и стапалото;
- Се користи за позиционирање на зглобот на колкот и зглобот на глуждот во случаи кога лекувањето бара долг одмор во кревет;
- Изработена од полиетиленски материјал од 3мм;
- Со прилагодлива Т – шина на ѓонот, стапалото е поставено на саканата висина и агол на ротација;
- За поголема удобност, ортозата од внатре е обложена со перничиња од сунѓер и текстил кои по потреба може да се перат.
-
Индивидуални производи
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
- Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото.
- На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
- Овозможува добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
- За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото.
-
Индивидуални производи
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
- Ортоза на глуждот (AFO), која е изработена по индивидуален отисок, помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
- Исто така се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помага во намалувањето на спастичноста.
- Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.