-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на стапало Денис – Браун
2602 | Корективен апарат за корекција на стапало Денис – Браун
Ортозата е составена од метална шина и чевли изработени по мерка. Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба , а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина. Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после Ponseti третман на стапалата. -
Детски ортози
Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
2605 | Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
Оваа ортоза ја подобрува стабилноста на колкот со поддршка и позиционирање на колковите во оптимална позиција бидејќи овозможува контролиран опсег на движење. Топчестите зглобови на натколениците и страничните зглобови на колкот овозможуваат контролирани движења. Оваа детска ортоза за колкови може да се користи пост-оперативно за одржување на корегираната хируршка положба или за обезбедување максималната функција на пациентот за време на секојдневниот живот. Подобреното налегнување на колкот поттикнува правилно обликување на ацетабуларниот и феморалниот дел и ја намалува можноста за сублуксација и дислокација.
Овој производ се користи по препорака и надзор на лекар и не може да се комбинира со кој било друг производ. -
Детски ортози
Корективен апарат за исчашени колкови по хилгерајнер
1.260,00 ден2601| Корективен апарат за исчашени колкови по хилгерајнер со механизам за прилагодување на абдукција и аддукција
Големината се одредува со мерење на обемот на стомак.
-
Детски ортози
Корективен апарат за исчашени колкови по Павлик
1.316,00 денКорективниот апарат по Павлик се користи при третмани на дисплазија и конгенитална дислокација на колк кај бебиња. Специјално дизајнирани да ја постават главата на фемурот во ацетабулумот, постигнуваат флексија и умерена абдукција. Ги поставуваат колковите во природна позиција и помагаат за нормално растење и развивање на колковите.
-
Детски ортози
Флексорна и абдукциска ортоза – Tubingen
6.633,00 денTubingen – Абдукциона и флексиона ортоза за колкови
Правилно созревање на колоковите на вашето дете
Конгенитална дисплазија на колкови претставува задоцнет развој на зглобната чашка на колкот.Со абдукционата и флексиона ортоза Tubingen колковите на вашето дете се поставуваат во положба на флексија под агол поголем од 90°, а нозете се раширени под агол од 30° и 45°. Времетраењето и начинот на лекување го одредува вашиот лекар, зависно од староста на детето и степенот на зрелост.